Андреа „за влакно“ не влезе во финалето на Евросонг, беше 11-та


Андреа Коевска, македонската претставничка на годинашниов натпревар „Песна на Евровизија“ што се одржа во Торино, Италија, „за влакно“ не успеа да влезе во големото финале.
Таа се натпреваруваше на втората полуфинална вечер во четвртокот и го освои 11-то место, зад претсавниците на Азербејџан, покажуваат резултатите што се објавени синоќа на официјалната интернет страница од популарниот музички спектакл.
Андреа со „Circles“ освои 76 бодови, додека Надир Рустамли од Азербејџан со Fade To Black имаше 96 поени, доволно да го заземе десетото место кое што обезбеди настап во финалната вечер.

Занимливо е што, според интернет страницата eurovisionworld.com, Азербејџан сите 96 поени во втората полуфинална вечер ги има добиено од стручното жири и ниту еден од телевоутингот.
Нашата Андреа, пак, имаше 56 поени од стручното жири, додека од гласовите од публиката доби 20 поени.
На втората полуфинална вечер најмногу поени освои Шведска, 396, пред Австралија (243) и Србија (237).