Андреа моќна, ама без пласман во финалето на Евросонг во Торино (фото)


Македонската претставничка Андреа Коевска и покрај моќниот настап со песната „Circles“ не успеа да се пласира во финалето на 66. Евросонг што ќе се одржи в сабота, 14 мај, на сцената на Пала Олимпико во Торино. Од регионот не се пласира ниту Црна Гора.

Србија е меѓу десетте финалисти, заедно со претставниците на Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска и Романија.

Андреа зад сцената пред настапот

В сабота ќе настапат сите дваесет финалисти од двете полуфинални вечери, заедно со големата петорка која директно се пласира во финалето- Германија, Франција, Англија, Шпанија и земјата домаќин-Италија. 

Финалистите на прес-конференција

Првите 10 финалисти од првата полуфинална вечер  се изведувачите од Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. 

Домаќините за финалето в сабота најавуваат настап на водителите, а воедно и ѕвезди Лаура Паузини, Мика, ланските победници-Манескин и големата италијанска ѕвезда, прва победничка на Италија на Евросонг, Џиљола Чинкети. 

Фото: ЕБУ

 

Мика и Лаура Паузини
Алесандро Кателан
Претставничката на Шпанија
Претставникот на Англија
Претставникот на Германија