Ѓоргиев: Има простор за подобрување и во македонските и во бугарските учебници


Синтагмата „заедничка историја“, која не е дефинирана во самиот Договор за пријателство, се претвори во една од главните пречки во работата на Комисијата, пред сѐ, поради едностраното толкување, дека всушност таа означува историја на еден народ, односно на бугарскиот, започнувајќи од IX век па сѐ до 1944 година. Таквото толкување е неодржливо и неприфатливо, и …

Ѓоргиев: Има простор за подобрување и во македонските и во бугарските учебници Read More »

Годишно обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието


Претседателот Стево Пендаровски денеска напладне ќе се обрати пред пратениците на Собранието на Република Северна Македонија. Ова ќе биде второ годишно обраќање на Пендаровски во законодавниот дом откако е избран на оваа функција во мај 2019 година, а прво пред новиот состав на Парламентот. Според член 85 од Уставот Претседателот на Републиката го известува Собранието …

Годишно обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието Read More »

Проширувањето на ЕУ повторно на дневен ред – последни обиди да се тргне бугарското вето за Македонија


Во очекување на амбасадорскиот состанок на кој германското претседателство повторно ги враќа заклучоците за проширувањето на ЕУ, вклучително и за Северна Македонија, кои беа отстранети минатата недела поради блокадата на Бугарија за преговорите со Северна Македонија, шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева излезе со нови обвинувања против Скопје, а нејзиниот колега Бујар Османи со идеја …

Проширувањето на ЕУ повторно на дневен ред – последни обиди да се тргне бугарското вето за Македонија Read More »

Османи-Петжичек: Поддршка за почеток на преговорите со ЕУ без одложување


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на работната посета на Република Чешка, оствари средба со својот домаќин, шефот на чешката дипломатија Томаш Петжичек, на која една од главните теми на разговор беа европските интеграции на Република Северна Македонија, особено во насока на поддршка за почеток на преговорите со Унијата без одлагање. -Со поддршка …

Османи-Петжичек: Поддршка за почеток на преговорите со ЕУ без одложување Read More »

Заев се откажа од лидерска по изјавите на Мицкоски


Премиерот Зоран Заев не гледа причина да свика лидерска средба по денешната објава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук. Одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата, Заев рече дека имал намера да свика лидерска средба на која би информирал за ситуацијата со Бугарија, но по објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицковски дека …

Заев се откажа од лидерска по изјавите на Мицкоски Read More »

Димитров: Немам и никогаш не сум имал друго државјанство освен македонското


Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров на својот фејбук профил денеска објави дека нема и никогаш немал друго државјанство освен македонското. Тој смета дека граѓаните апсолутно имаат право да знаат колку (и какви) пасоши имаат политичарите. „Поттикнат од иницијативата на новинарот Горан Михајловски, јавно соопштувам дека немам и никогаш не сум имал друго државјанство покрај македонското“, …

Димитров: Немам и никогаш не сум имал друго државјанство освен македонското Read More »

ВМРО-ДПМНЕ го „замрзна“ Пендаровски


ВМРО-ДПМНЕ бара лидерска средба, а се труди да не се одржи. Сега им пречи ако неа ја организира претседателот Стево Пендаровски, кој според нив го загубил кредибилитетот за организирање на лидерски средби откако на 13 август го доделил мандатот на Зоран Заев без доказ за поседување на парламентарно мнозинство, по што ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнало односите …

ВМРО-ДПМНЕ го „замрзна“ Пендаровски Read More »

Захариева го споредува Тито со Хитлер, шири невистини за Македонија


Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во своето најново интервју за германски „Ди Велт“ вели дека во Скопје повеќе не е популарна откако реагирала против прославата на 40-годишнината од смртта на југословенскиот лидер Јосип Броз Тито. „Тоа покажува недостаток на плурализам. Кон мене беа прилично брутални кога се осмелив да го искажам своето неразбирање …

Захариева го споредува Тито со Хитлер, шири невистини за Македонија Read More »

Димитров за интерпелацијата: ВМРО-ДПМНЕ им се приклучи на центрите што работат против македонските интереси


Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, оцени дека најавената интерпелација од ВМРО-ДПМНЕ ја става опозициската партија во друштво на разни центри кои го напаѓаат него и кои директно се борат против македонските интереси. „Интерпелацијата со којашто ми се заканија денеска, во период кога државата е соочена со сериозни предизвици, а јас лично сум мета на …

Димитров за интерпелацијата: ВМРО-ДПМНЕ им се приклучи на центрите што работат против македонските интереси Read More »

Николоски: Димитров му работи на Заев зад грб


Алексадар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина “ на Канал 5 изјави дека Никола Димитров му работи зад грб на Зоран Заев, бидејќи брифирал десетина новинари од таборот на СДСМ дека благодарение на него, лидерот на СДСМ и претседател на Владата не ги прифатил барањата на Бугарија за обезличување на Македонија и македонскиот народ. …

Николоски: Димитров му работи на Заев зад грб Read More »

Кворумот го одложи гласањето за пописот, за продолжување на кризната состојба …


Собранието на Република Северна Македонија денеска ја започна 25. седница, на која прва точка на дневниот ред е Предлог одлуката на Владата да се овозможи продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на државава до 30 јуни следната година. Но, оваа одлука не беше изгласана бидејќи во салата немаше доволен број пратеници. Не …

Кворумот го одложи гласањето за пописот, за продолжување на кризната состојба … Read More »

Мицкоски за отчетот: Ова се сто дена фијаско на Владата


Изминатите 100 дена на Владата се вистинско фијаско и продолжение на низата која трае четири долги години – години на промашувања, криминал и неуспеси. Ова се најлошите 100 дена на кој било Влада во македонската современа држава. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги оцени првите три месеци од мандатот на актуелната Влада. Мицкоски на прес-конференција …

Мицкоски за отчетот: Ова се сто дена фијаско на Владата Read More »

Заев најави лидерска средба, Мицкоски условува за учеството


Премиерот Зоран Заев денеска најави дека доколку претседателот Стево Пендаровски nе организира лидерска средба поврзана со евроинтеграцискиот процес и ветото од Бугарија, дека самиот тој до крајот на годината ќе биде организатор на таква средба на која би се разговарало и за ковид-кризата. „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика претседателот на државата да свика …

Заев најави лидерска средба, Мицкоски условува за учеството Read More »

Заев ќе размисли за пријавување на двојните државјанства на функционерите


Премиерот Зоран Заев, на прес конференцијата за отчет на Владата, остави простор да се размислува и да разгледува евентуална законска регулатива пред стапувањето на функција во Македонија секој кандидат да мора да пријави дали покрај македонското има и други државјанства. Темата стана актуелна во земјата по фалбите од Софија околу тоа колку македонски државјани аплицирале …

Заев ќе размисли за пријавување на двојните државјанства на функционерите Read More »

Заев: Обезбедивме фер избори, и покрај противењата на опозицијата


Премиерот Зоран Заев, на отчетот за стоте дена работа, се пофали дека како Влада обезбедиле избори во фер и демократска атмосфера, наспроти резервите на опозицијата, и дека тие покажале дека тоа била исправна и единствено можна одлука. „И покрај пандемијата обезбедивме слободни и фер избори и дадовме можност уште еднаш граѓаните да ни дадат доверба, …

Заев: Обезбедивме фер избори, и покрај противењата на опозицијата Read More »

Заев: Немаме вина за блокадата на Бугарија


Премиерот Зоран Заев, давајќи отчет за стоте дена од работата на новата влада, го издвои како едно од најважните прашања изнаоѓањето решение за проблемите што ги постави Бугарија. Притоа, тој порача дека никој кај нас нема вина за оваа ситуација, но тој е уверен дека ќе се најдат решенија. -Ни оваа влада, ни нашата држава, …

Заев: Немаме вина за блокадата на Бугарија Read More »

Пендаровски: За јазикот и идентитетот не може да се дискутира, нонсенс е дека нашата историја до 1945 била бугарска


Основа на нашиот идентитет е нашиот јазик, потоа историјата, нашата заедничка историја со нашите сонародници, нагласува претседателот Стево Пендаровски во интервју за ЕУобсервер и додава дека за јасикот и идентитетот не може да се дискутира. Не е тајна, посочува претседателот, дека го кодифициравме македонскиот јазик во 1945 година, но тоа е посебен јазик, многу близок до бугарскиот, …

Пендаровски: За јазикот и идентитетот не може да се дискутира, нонсенс е дека нашата историја до 1945 била бугарска Read More »

Рот: Бугарија го држи во заложништво проширувањето на ЕУ


Софија не може да го држи во заложништво проширувањето на Европската унија, порачува германскиот министер за Европа Михаел Рот во авторски текст за весникот „Велт“. Рот очекува поддршка од новата американска администрација за придвижување на Западен Балкан кон Европската унија, пренесува Дојче веле. -Албанија и Северна Македонија, на својот пат кон ЕУ постигнаа многу, исполнија …

Рот: Бугарија го држи во заложништво проширувањето на ЕУ Read More »

Бугарија ги разбуди балканските духови, не се знае кој кого окупирал


Бришењето на имињата на српските светилишта на фреските во манастирот „Св. Јован Осоговски “во Северна Македонија е добро познат метод на притисок и закана, што често го користеа бугарските терористи од ВМРО, пишува српскиот весник „Новости“, по бугарските напади за српски влијанија за дебугаризација на нашата држава. Текстот го пренесува БГНЕС, што е втор обид …

Бугарија ги разбуди балканските духови, не се знае кој кого окупирал Read More »