Заев: Немаме вина за блокадата на Бугарија


Премиерот Зоран Заев, давајќи отчет за стоте дена од работата на новата влада, го издвои како едно од најважните прашања изнаоѓањето решение за проблемите што ги постави Бугарија. Притоа, тој порача дека никој кај нас нема вина за оваа ситуација, но тој е уверен дека ќе се најдат решенија.

-Ни оваа влада, ни нашата држава, ни нашиот народ немаат  најмала вина за оваа ситуација. Македонскиот  национален идентитет не може да биде предмет на преговори и ние не можеме да се откажеме од нашето право на самоопределување гарантирано од сите меѓународни институции и конвенции. Се надеваме дека оваа штета на евроинтеграцијата ќе се надмести бргу. Владата нема да дозволи блокадата да предизвика застој на внатрешните реформи, напротив ќе го засили темпото, останувајќи целосно посветена на преговорите со Бугарија. Ние знаеме дека решенија се можни, знаат и тие, рече Заев. 

-Ние сме членка на НАТО, сега сме безбедни, заштитени од најсилната воена алијанса на светот. Придонесуваме активно за мир во регионот и светот. Во ЕУ ќе влеземе како држава и како Македонци кои зборуваат македонски јазик, рече премиерот.

На прашањето дали Владата ќе реагира на оценката на Красимир Каракачанов дека историчарите од нашата комисија се инаетеле како магариња на пат, премиерот рече дека ова е навреда и апелираше да се воздржуваат и во Бугарија и кај нас од говорот на омразата.  Тој ја оцени, притоа, како неточна новинарската забелешка дека е пропадната евроинтеграцијата на државата. 

-Говорот на омраза за жал е подигнат од двете страни. Апелирам до сите, ние сме прво добар и кроток народ и сме пријатели, прво до нашите граѓаните должност ни е да градиме пријателства и заради сегашните и заради идните генерации, порача Заев, апелирајќи и до граѓаните на, како што рече, пријателска Бугарија, да се воздржуваат од какви било провокации заради тоа што навистина никому не носат добро.

– Секако ние како одговорни политичари и најодговорните во овој дел почнувајќи од претседателот на државата, претседателот на Парламентот и пратениците, јас како претседател на Владата, нашите министри, постојано работиме на отклонување, демотивирање и конкретни активности за спречување на говор на омраза, не единствено заради тоа што чекаме од Бугарија да го тргне ветото, туку тоа не е добро за нашиот народ. Ние сакаме низ пријателство да развиваме инвентивност, идеи, нови инвестиции, наши во Бугарија и бугарски овде, кои ќе отвораат работни места, ќе ги покачуваат платите, ќе овозможат средношколски турнири во сите спортови, каде ќе се пренесува знаењето и меѓусебното разбирање и поддршка. Тоа ни треба, тоа е европскиот пат, а ние знаеме дека друг пат не постои, дециден е Заев.

Заев, околу „магарињата“ порача дека секогаш реагираме и ќе продолжиме да реагираме на навреди од другата страна. 

– Ова е навреда и ги повредува нашите чувства нормално. Секако остануваме на апелот да се воздржуваме од провокации и навреди заради тоа што навистина тоа не носи никаде. Тоа не носи повторно во изолација едни со други, во непријателства и слично. 21 век сме, борбата во светот е на друг план, на четврта индустриска револуција, технолошки развој и навистина како еворпски политичари, како политичари кои градиме пријателство, мораме да ги користиитме зборовите на пријателство и да зборуваме европски заради тоа што верувам дека огромно мнозинство од Бугарија, а кај нас сум сигурен дека е тоа така, имаме желба целиот Балкан да биде во ЕУ, а сите ние здружени на Балканот да бидеме покомпетативни, да бидеме поединствени, да отвораме нови пазари, нови можности, нови работни мести, нови инвестици, што на крајот ќе значат живот на сите, истакна премиерот Заев. 

Тој ја отфрли можноста за спорот со Бугарија да се расорава во Парламентот, како што бара опозицијата, бидејќи тоа би било понижувачко. 

-Ние немаме намера да деклкарираме позиции кои се јасно декларирани и во законите и во Уставот, и во нашата кохезија и единство во државата затоа што таа само се потврдува низ годините наназад вклучувајќи и недозволивост да се преговара и разговара за она што никаде во светот не се преговара и разговара, а тоа е идентитет, јазик и национална посебност. Кога би отишле во Парламентот тоа да го потврдиме навистина сами себе би си ја повредиле честа, за што нема дилеми ниту дома ниту во светот. Ние сме со своја лична карта Македонци со македонски јазик, нашите сограѓани се со незагрозен идентитет – Албанци со албански јазик, Турци со турски јазик…. Тоа е правото на идентификација и самооппределување и ако такви работи дискутираме во Парламентот најблаго кажано би било понижувачки, рече Заев.

-Ние сме убедени дека на големи проблеми се наоѓаат решенија, а не на вакви проблеми пред кои сме исправени. Проблемот е навистина нелогичен, сигурно дека е решлив и продолжуваме да изнаоѓаме решение. Не постои друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ низ европеизација на државата која што ни треба како квалитатив, а не самото членство како членство. И тоа како можеме да наоѓаме решенија за загубени месеци ако ги имаме, дај Боже да ги немаме, годината се уште не е завршена. Но, ако ги имаме можеме да побараме поддршка од една Холандија за владеење на правото и за сето тоа од поглавјата 23 и 24, Естонија и Грција може да ни помогнат со дигитализацијата, од Германија на економски план, рече Заев.

Посочи дека земјата го има преадаптитрано голем дел од законодавството и тоа е наша предност, која вели, немаме намера да ја изгубиме.

-Дефинитивно патот на изнаоѓање решение е европскиот пат. Ние покажавме европски вредности, европски манири од секој можен аспект. Држевме лекции на западноевропски земји со нашиот европски однос. Ние заслужуваме да го чекориме истиот пат што го чекореле Бугарија, Романија или Хрватска или Полска, Унгарија, Чешка, Словачка и последните земји што станале членки на ЕУ. Тоа е патот со новата методологија која е усвоена, веруваме дека имаме фер шанса да покажеме дека заслужуваме да бидеме полноправна членка на ЕУ, рече Заев

 

Вицепремиерот за евроинтеграција Никола Димитров потврди дека ќе има нов состанок на ниво на амбасадори во ЕУ во среда, дека нема намера да ги подига очекувањата околу него, но исто така, како и германското претседателство што продолжува да работи околу спорот, и тој  нема намера  да дигне раце од напорите да се одблокира евроинтеграцијата.  

-Во својство на највисок претставник на албанската заедница во нашата Влада, би сакал да дадам целосна поддршка до македонската заедница во заедничките напори да ги започнеме преговорите за членство во Европската унија и да повторам и уверам дека во ниту еден момент со нашиот сосед не се разговара за јазично идентитекски прашања и затоа нема воопшто простор за било какво стравување. Најдобра потврда за тоа е денешната перспектива две години по уставните измени и Преспанскиот договор при што станавме членка на НАТО со меѓународно потврдена заедничка држава и по исти такви стравувања, рече вицепремиерот Артан Груби во рамки на отчетот за сработеното на Владата за првите 100 дена.