Николоски, исто така, јавно запраша дали е вистина дека Заев, односно функционери од неговиот круг, се подготвуваат за компромитација на членови од Комисијата за историја со Бугарија, бидејќи таа, откако се „усогласила“ за пет историски личности, не сака до крај да ја одигра улогата што Заев и ја наменил и не сака да ги потпише и последните барња на Бугарија кои се однесуваат на Илинденскиот период и на Втората светска војна.

Третото тврдење на Николоски е дека во рамки на бизнис ветувањата кои Заев е спремен да и ги озвозможи на Бугарија, покрај рудникот Иловица и една национална ТВ, се државни акции во мобилен оператор, банка и слободно користење на оптички кабел на една државна компанија, што според Николоски, упатува и на безбедносни импликации кон сигурноста на Македонија.

„Тие што ги знаат овие работи и кои се разбираат во тоа, знаат што значи ова ветување“, истакна Николоски.

Тој исто така оцени дека сегашниот тајминг за лидерска средба е задоцнет.

„Нема да бидеме декор на лидерска, ако не се договориме за корона кризата и за решавање на проблемот со Бугарија, целата одговорност паѓа кај власта“, рече Николоски.

Николоски оцени дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја турне владата на СДСМ и ДУИ најпрво преку интерпелацијата за Никола Димитров, а потоа и преку институционална борба, меѓудругото и во Собранието. Според него, во следниот период ВМРО-ДПМНЕ има неколку начини на кои ќе ја натера владата на Заев да поднесе оставка, односно да се формира нова влада за национален спас, во која ќе партиципира и ВМРО-ДПМНЕ и другите политички партии, со цел да се води земјата се до моментот кога ќе се организираат  нови парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ веќе разговарала со одредени претставници на политичките партии, но не од СДСМ и ДУИ, со кои ќе ја води битката.