Димитров: Немам и никогаш не сум имал друго државјанство освен македонското

Фото: Б. Грданоски

Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров на својот фејбук профил денеска објави дека нема и никогаш немал друго државјанство освен македонското.

Тој смета дека граѓаните апсолутно имаат право да знаат колку (и какви) пасоши имаат политичарите.

„Поттикнат од иницијативата на новинарот Горан Михајловски, јавно соопштувам дека немам и никогаш не сум имал друго државјанство покрај македонското“, напиша на Димитров на ФБ.