Скендер Реџепи се повлекува од координатор на пратеничката група Алтернатива/Алијанса за Албанците


Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи денеска на својот фејсбук-профил објави дека се повлекува од координатор на пратеничката група на Алтернатива/ Алијанса за Албанците, и за тоа утре ќе го извести претседателот на Собранието Талат Џафери. -Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучуваме […]

Ременски за Заев: Секој има право да има фаворит


  Во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител, кандидатката за лидер на СДСМ Фросина Ременски рече дека немала контакт со Заев затоа што не чувствувала потреба да добие дозвола од него за да се кандидира. -Јас ниту пред ниту по мојата кандидатура немам комуникација со претседателот Зоран Заев, затоа што самите внатрепартиски избори […]

ЛДП: ЕУ мора да одлучи каде оди


„Либерално-демократската партија потврди дека не се занимава со секојдневните политички пазарења од кои се изморивме изминатиот период, туку е насочена кон меѓународната политика, за да направиме се што е возможно да се деблокираат сите прашања за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ“, потенцираше претседателот на партијата, Горан Милевски на денешната регионална конференција на […]

Антонио Милошоски и Илија Димовски се потпишаа на кандидатурата на Христијан Мицкоски


Пред четири години беа против инсталирањето на Христијан Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и не заминаа на конгресот во Валандово, а денес се меѓу 50-те потписници на кандидатурата за уште еден мандат за лидерот на партијата. Антонио Милошоски и Илија Димовски, како што соопштува партијата ги ставиле потписите на кандидатурата на Мицкоски за конгресот што […]

ВМРО-ДПМНЕ сега ја нападна Алтернатива


Откако излезе од дружината на прочуената слика за Христијан Мицкоски за новото мнозинство, сега ВМРО-ДПМНЕ ја напаѓа Алтернатива дека станала „партнер на криминалната дружина“. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека „Алтернатива наместо партија којашто сака да промени нешто во општеството и да стане коректор на искривените вредности, […]

Владата влезе во нова фаза со Алтернатива, Филипче си оди


Алтернатива ќе ги добие министерствата за здравство и информатичка технологија. Министрите ќе стапат на должност не во владата на Заев, туку на онаа што ќе ја формира новиот мандатар, а тој ќе биде новиот лидер на СДСМ   Од влада на самиот раб на паѓање, од денес има влада која го зголеми мнозинството во парламентот. […]

(Видео) Изјава на премиерот Заев и претседателот на „Алтернатива“, Гаши


Во Клубот на пратеници со почеток во 13 часот претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, денеска ќе дадат изјави за медиумите.

Што доби Алтернатива за да влезе во владата?


Со договорот меѓу Зоран Заев и на Африм Гаши за влегување на Алтернатива во  Владата и во парламентарното мнозинство, според неофицијални информации, оваа партија ќе добие три министерски места, тројца заменици-министри и заменик-претседател на Собранието. Неофицијално Алтернатива ќе ги добие министерските места за здравство, за информатика и министер за дијаспора, а заменици министри од Алтернатива […]

Заев и Гаши ќе ја потпишат програмата за влегување на Алтернатива Владата


Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши денеска во Клубот на пратениците ќе ја потпишат програмата за заедничко дејствување и приклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство. Се очекува Заев и Гаши да кажат и кои ресори ќе ги преземе Алтернатива. Одлуката за влегување на Алтернатива во владината коалиција беше донесена синоќа во […]

Алтернатива реши да влезе во Владата


Орхан Муртезани, портпарол на Алтернатива соопшти вечерва дека Централното собрание на партијата одлучило Алтернатива да влезе во Владата. Според него ,одлуката била донесена со големо мнозинство.  „Имаше седница на Централното собрание на Алтернатива. Се дискутираше и за вклучување на Алтернатива во Владата, а претседателот Африм Гаши ги информираше сите за преговорите и преземените чекори. Централното […]

Прифатени три кандидатури за претседател на СДСМ


Од пристигнатите четири пријави за претседател на СДСМ, биле прифатени три, изјави денеска пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во одговор на новинарско прашање.   „Рокот за поднесување на кандидатури за претседател истече вчера, поднесени се четири кандидатури. Денеска согласно правилата заседаваше Централната изборна комисија и одлучија дека три кандидатури се целосни со сите потребни документи и […]

Петков: Бугарија треба да го преиспита пристапот кон Северна Македонија на конструктивен начин


Една од првите задачи на новиот министер за надворешни работи на Бугарија и идниот бугарски премиер е да се формираат работни групи меѓу Бугарија и Северна Македонија кои ќе опфатат различни области. Ова го коментираше Кирил Петков, копретседавач на „Продолжуваме со промената” која победи на парламентарните избори во Бугарија, во програмата „Седмицата“ на бугарското приватно […]

„Целиот процес беше грешка“ – интервју со Ангел Петров, бугарски новинар


Фразата „говор на омраза“ беше злоупотребена, бидејќи таа се заснова на полувистини. Имаше поединечни инциденти, не системски, не трајни, вели во интервју за „Независен“ Ангел Петров, бугарски новинар, исклучителен познавач на спорот меѓу двете земји   Љупчо Поповски Ангел Петров е новинар во либерално ориентираниот бугарски весник „Дневник“, кој има сериозно влијание во тамошната јавност. […]

Алтернатива вечерва ќе пресече дали ќе биде дел од Владата


Дефинитивната одлука дали партијата на Африм Гаши, Алтернатива, ќе биде дел од Владата ќе биде донесена вечер на седница на највисокото партиско тело – Централен совет. На средбата закажана за вечер во 19 часот во седиштето на партијата во Тетово, како што најави партискиот портпарол Орхан Муртезани, ќе биде донесена конечна одлука, а повеќе информации ќе има […]

Кој ќе го наследи Заев во СДСМ – пријавите на четворицата кандидати на верификација


Централната изборна комисија на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе ги верификува кандидатурите кои ги исполнуваат критериумите за избор на претседател на партијата, откако вчера во 16 часот заврши рокот за пријавување. Доставени се четири кандидатури за партиски лидер на СДСМ од Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и потпретседателка на […]

Бектеши: Преговорите за влез на Алтернатива во Владата се при крај, наредната недела и договор за ресори


Преговорите за влез на Алтернатива во Владата се при крај. Најверојатно наредната недела лидерите на политичките партии ќе го објават и договорот што се однесува до распределба на ресори, изјави вечерва министерот за економија и кадар од ДУИ Крешник Бектеши. -Нашиот став како ДУИ е дека се добредојдени во Владата сите политички партии кои ги […]

На ВМРО-ДПМНЕ ѝ пречи што транспортот на починатите бил пренесуван во живо


Откако објавуваа невистинити информации преземени од еден опскурен бугарски портал за наводно пренесување на состојки за производство на херион во запалениот автобус, денеска за ВМРО-ДПМНЕ преносот во живо на транспортот на починатите бил недоличен и нечовечен. „Денес власта на срамен, недоличен и со нечовечки пристап прави церемонија со пренос во живо од транспортот на починатите. […]

Маричиќ: Апелираме што поскоро ЕУ да донесе одлука за првата меѓувладина конференција со Македонија и Албанија


Апелираме што поскоро Европската Унија да донесе одлука за првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија и да ги почнеме преговорите час поскоро за да можеме да дадеме и подобри резултати и поефикасни реформи во брз рок, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ пред почетокот на Конференцијата на министри за правда ЕУ- Западен […]

Флоријан Бибер: Ќе треба да се најде начин Бугарија да го спаси својот углед


Северна Македонија нема како да попушти на суштински план пред барањата на Бугарија и за надминување на ветото во ЕУ ќе треба некаков симболичен компромис или механизам за Софија да го спаси својот углед. А за таква промена потребен е пријателски совет од ЕУ земјите до Бугарија дека можеби треба да ги има на ум […]

ВМРО-ДПМНЕ го врати Ставрески во телата на партијата


Зоран Ставрески, некогашниот министер за финансии во владите на Никола Груевски, како и Оливер Шамбевски, некогашен портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, кој потоа беше и амбасадор на земјава во Кина, ќе бидат во работното тело што го формира опозициската партија, со цел да го мониторира работењето на новите градоначалници од партиските редови и остварувањето на предвидените проекти […]