Заев најави лидерска средба, Мицкоски условува за учеството

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека доколку претседателот Стево Пендаровски nе организира лидерска средба поврзана со евроинтеграцискиот процес и ветото од Бугарија, дека самиот тој до крајот на годината ќе биде организатор на таква средба на која би се разговарало и за ковид-кризата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски експресно одговори дека ако поканата е од претседателот Пендаровски, тој нема д дојде.

„Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во оваа лидерска средба. Пендаровски не е лидер на политичка партија, ако е потребна поддршката на политичките партии, ние да разговараме за нешто, тогаш се знае треба да седнат политичките партии и да разговараат. Се знае кој треба да ја свика. На формат организиран од Пендаровски нема да учествувам, ако дојде на иницијатива на Владата, да, ќе учествувам“, рече Мицкоски.