ДУИ гледа политички заговор со приговорите до ДИК


  Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска соопшти дека со поднесени приговори до ДИК од други политички партии за нерегуларности на избирачки места во изборните единици 5 и 6 се прави некаков политички заговор кој има цел да им се одземат два пратенички мандати.  Шефот на изборниот штаб на „Европскиот фронт“, Арбер Адеми, на …

ДУИ гледа политички заговор со приговорите до ДИК Read More »

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ги почнаа преговорите, Ахмети претстави што потпишал со Таравари


  Врвот на ВМРО-ДПМНЕ денеска отиде во канцелариите на албанската опозиција „Вреди“ во Скопската чаршија за официјално да ги почне преговорите за составување на новата влада. Со Христијан Мицкоски беа четворицата потпретседатели на партијата, а од „Вреди“ четворицата лидери. Во исто време во скопскиот хотел „Холидеј ин“ Али Ахмети пред челниците на „Европскиот фронт“ и …

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ги почнаа преговорите, Ахмети претстави што потпишал со Таравари Read More »

Силјановска го доби уверението од ДИК дека е избрана за претседател


  Државната изборна комисија  денеска издаде Уверение за избран претседател на Македонија, на Гордана Силјановска-Давкова, откако на седница ги објави конечните резултати од претседателски избори. Уверението ѝ го врачи претседателот на ДИК Александар Даштевски и во име на Комисијата посака успешен мандат.  Силјановска-Давкова освои  561.000 гласови, а нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 251.899. Државната изборна комисија …

Силјановска го доби уверението од ДИК дека е избрана за претседател Read More »

„Ќе имаме проблеми“: Мицотакис го повика Мицкоски да ја почитува Преспа


  Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во интервјуто во саботата наутро за телевизијата Алфа изјави дека е во „состојба на готовност по изборите во Северна Македонија и победата на националистичката ВМРО“, која предизборно како слоган го имаше враќањето на името „Македонија“. „Со загриженост ги гледам изјавите на функционерите на ВМРО. Со интерес ќе го чекам официјалниот …

„Ќе имаме проблеми“: Мицотакис го повика Мицкоски да ја почитува Преспа Read More »

Германски медиуми: Проевропските сили беа оставени на цедило од ЕУ


  „Во иднина ќе владеат националистите”, „Скепсата кон ЕУ победи во Македонија”… со вакви и слични наслови германските медиуми јавуваат за промената на власта во земјата по убедливата победа на двојните избори на ВМРО-ДПМНЕ. „Зидојче цајтунг“ се занимава со причините за тешкиот пораз на власта и пишува дека про-европските, но корумпирани социјалдемократи убедливо загубиле, а …

Германски медиуми: Проевропските сили беа оставени на цедило од ЕУ Read More »

Грчки медиуми: Договорот од Преспа се врати на масата на Мицотакис


  Договорот од Преспа повторно ја „прогонува“ Нова демократија, која како официјална опозиција го осуди, a како влада премолчено го прифати и сега можеби ќе биде повикана да го брани, анализира влијателниот грчки медиум „Њуз 24/7“. Во текстот се наведува дека „победата на националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ на изборите во средата во Северна Македонија може да …

Грчки медиуми: Договорот од Преспа се врати на масата на Мицотакис Read More »

О’Брајан ѝ честиташе на Силјановска


  Џејмс О` Брајан, помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашање го честиташе изборот на првата жена претседател на Северна Македонија Гордана Силјановска- Давкова, во соопштение на Икс. „Честитки до Гордана Силјановска-Давкова, досега првата избрана жена за претседател на Северна Македонија. Како сојузници, партнери и пријатели со Северна Македонија со нетрпение …

О’Брајан ѝ честиташе на Силјановска Read More »

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ утре ги почнуваат разговорите за соработка


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски вечерва најави дека утре се очекува да почнат разговорите за евентуална соработка со коалицијата „Вреди“ околу идната влада. Муцунски не очекува веднаш да се постигне договор, иако договорот, како што рече, е извесен „доколку постојат добра верба, реални очекувања и фокус на политиките во интерес на граѓаните“.  Според него, се …

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ утре ги почнуваат разговорите за соработка Read More »

Претседател на Собранието повторно Албанец?


Мицкоски е на пат да формира мнозинство од 65 пратеници, објави „Телма“ од партиски извори. Петмина од новите пратеници кои добиле мандат на пратенички листи од партии и коалиции кои ќе одат во опозиција, наводно изразиле подготвеност да ја поддржат политиката на новата влада, додека двајца сè уште размислувале за оваа можност. Информацијата може да …

Претседател на Собранието повторно Албанец? Read More »

Борел и Вархеи ги повикаа ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска да ги усвојат уставните амандмани


  Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, и еврокомесарот Оливер Вархеи излегоа со заедничка изјава за вториот круг од претседателските и парламентарните избори во Македонија  во која и ја  честитаа победата на Гордана Силјановска-Давкова со порака – дека со нетрпение очекуваат да работат со новата претседателка, прва жена шеф на државата во Северна Македонија. „Ги …

Борел и Вархеи ги повикаа ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска да ги усвојат уставните амандмани Read More »

Рот за изборите во Македонија: Русија и Кина ќе бидат среќни


„Десниот национализам триумфираше во Северна Македонија“, порача Микаел Рот, поранешен германски министер и претседател на Комисијата за надворешна политика во германскиот Бундестаг. „ Нанесен е сериозен удар за амбициите на ЕУ. За ова не е одговорна само сменетата  социјалдемократска влада, туку државите на ЕУ кои ги европеизираа билатералните проблеми и ги уценуваа.Ако ги продолжиме преговорите …

Рот за изборите во Македонија: Русија и Кина ќе бидат среќни Read More »

Сириза бара од Мицотакис остро да реагира ако Македонија го прекрши Договорот од Преспа


  АТИНА – Грчката опозициска партија Сириза бара од владата да реагира во случај на прекршување на Договорот од Преспа, со користење на средства како замрзнување на европската перспектива. Во исто време, Сириза ја критикува владата дека во изминатите пет години не сторила ништо за да го заштити Договорот и да ја унапреди соработката со Македонија. …

Сириза бара од Мицотакис остро да реагира ако Македонија го прекрши Договорот од Преспа Read More »

Курти во „војна“ со Ескобар, Македонија можна жртва на антиамериканската политика на Приштина


  Опашките од политиката на косовскиот премиер Албин Курти веќе се чувствуваат сериозно во Македонија. Новиот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“, чиј дел е и партијата на Курти Самоопределување, ја инволвира нашата држава во несакан контекст откако косовскиот премиер драматично ги заостри односите со Србија, а од минатата недела е и во некој вид пропагандна …

Курти во „војна“ со Ескобар, Македонија можна жртва на антиамериканската политика на Приштина Read More »

Чернева: Не гледам како може повторно да се отвори францускиот предлог


„Не гледам како може повторно да се отвори т.н француски предлог за РС Македонија. Сметам дека одложувањето на уставните измени е трагично губење време за жителите на Северна Македонија. Тие треба да имаат шанса да започнат преговори за членство во ЕУ“. Ова го изјави Весела Чернева – заменик директор на Европскиот совет за надворешна политика, …

Чернева: Не гледам како може повторно да се отвори францускиот предлог Read More »

(Во живо) Прес-конференција на премиерот Џафери по повод 100 дена Влада


Премиерот Талат Џафери одржува прес-конференција на којашто се осврнува на работата на Владата во изминатите 100 дена, од неговиот избор на функцијата, а со примарна обврска да ги организира и спроведе претседателските и парламентарните избори во државата.  

Мицкоски им порача на новинарите да пишуваат за успеси


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервјуто за Канал 5 им порача на медиумите дека треба да почнуваат за успеси за да се знае што е направено добро во државата, на што следеше забелешката на новинарот дека –  ќе пишуваат „ако има“.  Мицкоски се обиде и да го намали значењето на фактот дека Македонија драматично …

Мицкоски им порача на новинарите да пишуваат за успеси Read More »

Џафери ќе информира за работата на техничката Влада


Премиерот на техничката Влада Талат Џафери денеска ќе одржи прес-конференција на којашто ќе се осврне на работата во изминатите 100 дена.  Техничката Влада  беше изгласана на 28 јануари, 100 дена пред парламентарните избори што се одржаа завчера. Изборот на  техничката/преодна влада е согласно Пржинскиот договор за надминување на политичката криза од 2015 година. Примарната функцијата …

Џафери ќе информира за работата на техничката Влада Read More »

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на Сиљановска Давкова


 Роковите за приговори за Претседателски и Парламентарни избори до Државната изборна комисија (ДИК) завршуваат вечер во 19, односно 23:30 часот. ДИК вчера ги објави првичките официјални изборни резултати и вечер до 19 часот до Собранието треба да го достави извештајот за резултатите од Претседателските избори, по што според најавите собранискиот спикер Јован Митрески ќе ја …

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на Сиљановска Давкова Read More »

Зеленски ѝ го честита изборот на Сиљановска-Давкова за претседател на Македонија


Денеска, на социјалната мрежа Х по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори, се огласи ѝ претседателот на Република Украина, Володимир Зеленски. Во неговата честитка упатена до професорката Гордана Сиљановска-Давкова на англиски и на украински јазик, стои: „Честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзината убедлива изборна победа. Ѝ посакувам успешен и плоден мандат. …

Зеленски ѝ го честита изборот на Сиљановска-Давкова за претседател на Македонија Read More »

Касами: Од понеделник почнуваат преговорите за формирање влада


Градоначалникот на Општина Тетово и претседател на Движењето Беса дел од Коалицијата „Влен“, Биљал Касами вели дека од понеделник се очекува да почнат разговорите за формирање на новата влада. -Во текот на оваа недела ќе треба да ги имаме готови работните групи, а доколку не, за време на викендот и најверојатно од понеделник да почне …

Касами: Од понеделник почнуваат преговорите за формирање влада Read More »