Рот за изборите во Македонија: Русија и Кина ќе бидат среќни


„Десниот национализам триумфираше во Северна Македонија“, порача Микаел Рот, поранешен германски министер и претседател на Комисијата за надворешна политика во германскиот Бундестаг.

„ Нанесен е сериозен удар за амбициите на ЕУ. За ова не е одговорна само сменетата  социјалдемократска влада, туку државите на ЕУ кои ги европеизираа билатералните проблеми и ги уценуваа.Ако ги продолжиме преговорите за пристапување во ЕУ на таков технократски начин, младата генерација ќе замине од Западен Балкан, а национализмот и скептицизмот во ЕУ драстично ќе се зголемат. Русија и Кина треба да бидат среќни. Конечно ни треба рестарт и процес без блокади“, напиша Рот на социјалните мрежи.