Чернева: Не гледам како може повторно да се отвори францускиот предлог


„Не гледам како може повторно да се отвори т.н француски предлог за РС Македонија. Сметам дека одложувањето на уставните измени е трагично губење време за жителите на Северна Македонија. Тие треба да имаат шанса да започнат преговори за членство во ЕУ“.

Ова го изјави Весела Чернева – заменик директор на Европскиот совет за надворешна политика, во програмата „Денот во живо“ на НОВАЊУС.

Според неа, штета е што нема промена во Уставот  каде што треба да се споменат и Бугарите, бидејќи така преговорите веќе ќе почнеа.