(Фото-галерија) Матурантите танцуваа квадрил


Околу илјада матуранти, на скопскиот плоштад танцуваа квадрил, заедно со матурантите од другите градови низ земјава, но и во земјите од регионот, синхронизирано, во исто време. Оваа манифестација, која се одржува по 13-ти пат има за цел да се поврзат младите преку танцот и музиката и токму преку тоа синхронизирано танцување да се постигне единство. […]

„Матурска парада 2019“ на плоштадот „Македонија“


На плоштадот „Македонија“ денеска на пладне ќе се одржи традиционалната манифестација „Матурска парада 2019“, на која ќе учествуваат околу 1.000 матуранти од Скопје. На „Матурската парада“ традиционално матурантите танцуваат квадрил. Освен во Скопје, парада на матуранти ќе има и во други градови низ земјава. Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во […]

Се воведува зонско паркирање зад ТЦ „Три бисери“, по три паркинг-места за секое семејство


Зонско паркирање се воведува во реонот зад трговскиот центар „Три бисери“ по барање на жителите од тој дел на Општина Аеродром, соопштија од општината. ЈП „Градски паркинг“ во моментов поставува информативни табли на локацијата што ќе се води како зона Д2. Условите се исти како и за другите зони каде што има воведено вакво паркирање […]

Кривична пријава за двајца вработени во Град Скопје


Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ј.С.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против С.Е.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на […]

Заврши пролетното садење: Во Скопје засадени 450 дрвја


На повеќе локации во Скопје, забележливо е дека се засадуваат нови садници, а од „Паркови и зеленило“ велат дека завршиле со пролетното садење, но дека ќе продолжат наесен. „Со садењето ќе продолжиме наесен кога ќе биде спроведена поголема акција за садење на територија на целото градско подрачје. Со последното пролетно садење, насадени се 450 садници […]

Општина Аеродром ги обновува спортските игралишта


Општина Аеродром деновиве врши поправка и обновување на реквизитите на сите спортски игралишта, вклучително и на оние во рамките на основните училишта. Од општината информираат дека се поправаат и се обновуваат кошевите, а на спортското игралиште во непосредна близина на градинката „Лале“ во населбата Јане Сандански се поставени стаклени табли и зглобни обрачи. Овие активности […]

ЈСП дозволи влез на кучиња-придружници во автобусите


ЈСП Скопје како општествено одговорно претпријатие одлучи да им излезе во пресрет на лицата со посебни потреби со куче-придружник и да им дозволи непречено користење на услугите, односно да дозволи влез на кучињата-придружници во возилата на ЈСП и во кабините на Жичарницата. Одлуката е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема […]

Шилегов го најави отворањето на „Лајка“ со четириножниот „советник“


Проектот за реконструкција на стационарот „Лајка“ е во завршна фаза. Наскоро започнуваме, најави градоначалникот Петре Шилегов на својот фејсбук-профил објавувајќи фотографија со еден од неговите идни станари, бездомното кученце во улога на „советник“. „Лајка“ е новото име на „Вардариште“. Неодамна градот формираше ново ЈП и ја назначи Тина Петрушевска да раководи со овој стационар за […]

Поддршка на ЕСКО компаниите за заштеда на енергија во општините


Регионална програма за енергетска ефикасност што е финансирана од ЕУ, а раководена од Европската банка за реконструкција и развој (ЕБОР) во соработка со Секретаријатот на енергетската заедница има за цел да ги поддржи проектите за енергетска ефикасност во РСМ во три сектора: уличното осветлување, мали дистрибутивни системи за греење и водоснабдување,  информира Здравко Стефановски, координатор на […]

Општина Карпош со низа мерки во пресрет на „Андреа“


Тревата во општина Карпош нема да се коси до заминување на најавената бура „Андреа“ која се очекува да го зафати и скопскиот регион, соопштија од општината. Од Карпош апелираат, а со цел да се спречат поголеми материјални штети, граѓаните, колку што е можно повеќе да избегнуваат паркирање на своите возила под дрвореди. -Општина Карпош во изминатиот […]

Превентивни мерки на Општина Аеродром во очекување на обилните дождови


По најавата на Управата за хидрометеоролошки работи за очекувани интензивни врнежи од дожд, Општина Аеродром ги презема сите мерки за превентивно и навремено интервенирање при евентуални несакани штети. Во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, се расчистуваат одводните канали и шахти за да се спречи нивно прелевање на целата територија на Општината. Сезонските работници […]

Од денеска до 28 јуни можност да се платат заостанатите сметки за ѓубретарина и вода без камати


ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ги известува корисниците коишто имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад и потрошена вода (тужен и редовен) дека од денеска до 28 јуни 2019 година, имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање. Можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата се однесува […]

Во Скопје нов забавен парк со адреналински атракции


Скопје доби нов забавен адреналински парк „Мега“, што е лоциран веднаш до СЦ „Борис Трајковски“. Забавниот парк нуди над 20 возења, од кои 10 се адреналински атракции, 10 фамилијарни возења, како и неколку интерактивни реквизити. Работното време на паркот од понеделник до четврток е од 17:00-00:00, во петок до 01:00, сабота и недела од 10:00-01:00 часот. […]

Интензивно се палат контејнери


Во текот на изминатите три дена, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје забележа интензивна појава на опожарување на садовите за собирање на отпадот. Само на 9.05.2019 година, се опожарени пет контејнери на три микролокации во општината Карпош – две на булеварот Партизански одреди и една на ул. Московска. Во текот на вчерашната ноќ гореа два контејнера кај хотелот Карпош во […]

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје


Првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје против ларви од комарци ќе се изврши денеска во раните утрински часови. Како што соопшти Град Скопје, доколку временските услови не дозволуваат дезинсекција, прскањето ќе биде спроведено во истиот термин првиот нареден ден. -Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, […]

(Фото) Во ѓубрето се парите


Откако актерката Ирена Ристиќ покрена повеќе акции за расчистување на ѓубрето низ Скопје, секојдневно на официјалната Фејсбук-страница објавува интересни стории. Последната сведочи дека во ѓубрето навистина лежат парите. Имено, младо момче при расчистување отпад на депонијата Вардариште нашол 500 евра, односно искината банкнота од 200 и три од по сто евра. Една учесничка во расчистувањето […]

Ќе се распишува нов тендер за „зиплајн“ во Скопје


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека ќе биде распишан нов тендер за изградба на „зиплајн“ од тврдината Кале до Градски парк, откако претходниот бил поништен поради тоа што понудувачите не доставиле комплетна документација. -На тендерот се пријавија понудувачи за изградба на „зиплајнот“, но пријавените немаа соодветна документација и заради тоа беше поништена постапката, […]

Градот Скопје ги ослободува заробените дрвја од градежен материјал


Градот Скопје досега ослободил 15 отсто од вкупниот број заробени стебла и корења на дрвјата со градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности, кои се во негова надлежност. Градоначалникот Петре Шилегов очекува годинава да бидат ослободени сите 184 дрвја и корени на дрвјата кои се во надлежност на градот, а до крајот на годината […]

Дрвјата зад Воениот стадион добија имиња по новороденчиња


Екипите на Град Скопје почнаа да поставуваат плочки со имињата на новородените деца на дрвјата во градските дрвореди, во рамки на проектот „Дрво за секое дете“. На кејот на реката Вардар, зад Воениот стадион во Градскиот парк, денеска беа поставени 20-тина плочки на новите дрвја што беа засадени во минатата акција за зазеленување на градот. […]

Основци го посетија Центарот за рециклирање отпад во „Комунална хигиена“


Четириесет ученици од петтите одделенија при ООУ „Дитурија“ од скопската општина Сарај, го посетија Центарот за селекција на отпадот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Учениците се запознаа со процесот на селекција на отпадот и неговото балирање со помош на машини, a за прв пат имаа можност да видат како изгледа гранулат, претформа на пластично […]