Бесплатни латино танци за аеродромци во Паркот на езерата


Општина Аеродром и асоцијацијата „Ластовица“ од утре до 31.7.2019 година, ќе организираат бесплатни часови по латино танци.

Деновите по латино танци ќе се одржуваат секој вторник и четврток во Паркот на езерата, а часовите ќе ги држат волонтери од Турција, чија професија е латино инструктори.

Целта на организирањето бесплатни латино танци за жителите на Општина Аеродром е да се овозможи вклучување на сите лица во општеството без разлика на старосната граница и полот во културните манифестации.

Инаку, асоцијацијата „Ластовица“ е граѓанска организација што се занимава со овозможување услови за инклузивно општество и заштита на правата на децата со посебни потреби.