Распишан нов тендер за зиплајн на Кале



Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов распиша нов тендер за зиплајн откако првиот обид пропадна.
Иако за овој проект имаше многу коментари на социјалните мрежи дека никогаш нема да се реализира, градоначалникот е решен да го истурка до крај. 
Жичницата ќе тргнува од Кале, па преку Вардар ќе завршува кај стадионот.
Заинтересираните кандидати за јавниот повик, своите понуди треба да ги достават, најдоцна до 8 јули 2019 година, во 13 часот, кога и ќе се спроведе нивно јавно отворање.