Утре повторно блокирана крстосницата кај „Усје“


Во среда, поради најавен протест на група граѓани со блокирање нa крстосница на булеварот „Србија“ со булеварот „Борис Трајковски“ од 7 часот сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот „12-та Македонска Бригада“, булеварот „Трета Македонска бригада“ и улицата „Народни херои“, соопшти полицијата.
Апелираа до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Имено, денеска имаше протест на група граѓани од Кисела Вода кои бараат дислоцирање на Центарот за зависности од овој дел на населбата. Граѓаните најавуваат дека ќе продолжат со овие активности секој ден додека не се реши нивниот долгогодишен проблем.