Крстосницата кај „Усје“ утре ќе биде затворена за сообраќај поради протест


Крстосницата на булеварите „Борис Трајковски” со „Србија”  утре од 7 часот ќе биде затворен за сообраќај поради протест.


Како што соопшти МВР, поради најавен протест на група граѓани со блокирање нa крстосница, сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот „12-та Македонска Бригада”, булеварот „Трета Македонска бригада” и улицата “Народни херои”.


Од МВР апелираат сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.