Аеромитинг кај Стенковец по повод 100 години македонска авијација


На спортскиот аеродром во скопски Стенковец, денеска ќе се одржи голем аеромитинг по повод одбележување на јубилејот „100 години македонска авијација“, за чиј почеток се смета основањето на Аероклубот Скопје во далечната 1923 година.  Свои обраќања на настанот, како што е најавено, ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски,  министерот за надворешни работи на Република Србија, Ивица …

Аеромитинг кај Стенковец по повод 100 години македонска авијација Read More »

Полиција ќе патролира низ Центар по последните насилства во општината


Случајот со нападнато 3-годишно дете во Дебар Маало од пијан педофил, ја поттикнаа општината да побара поголемо присуство на полицијата, па така денеска најавија засилено полициско присуство особено во делот околу Градскиот парк. – Вечерва со МВР договоривме засилено полициско присуство за да ја зачуваме безбедноста на децата и граѓаните. Насилничкото однесување во општината е …

Полиција ќе патролира низ Центар по последните насилства во општината Read More »

Од 2 до 13 октомври ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода


Општина Кисела Вода продолжува со активности за заштита на животната средина и го повикува целокупното население да се приклучи на уште една значајна иницијатива. -Во согласност со нашата визија за зачувување на животната средина и грижата за општествената заедница, од 02 октомври 2023 до 13 октомври 2023 година, ќе спроведеме нова акција за бесплатно собирање …

Од 2 до 13 октомври ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода Read More »

Приведени лицата што му се закануваа на градоначалникот на Гази Баба


Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска (15.09.2023) ги лишија од слобода С.М. , Ф.М. и М.М., во врска со пријавата од градоначалникот на општина Гази Баба, кој на 11.09.2023 во СВР Скопје пријави дека три лица упатувале закани по неговиот живот поради претходно извршено уривање на дивоградба во с. Инџиково. …

Приведени лицата што му се закануваа на градоначалникот на Гази Баба Read More »

Педофил, пијан нападнал и допирал 3-годишно дете во Дебар Маало


Пред два дена, во 22.20 во Скопје полициски службеници од ПС Центар го лишиле од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот …

Педофил, пијан нападнал и допирал 3-годишно дете во Дебар Маало Read More »

„Дрисла“ демантира дека медицински отпад се третира несоодветно


Дрисла поднесе кривични пријави за лажните објави со фалсификувани содржини. ЈП депонија Дрисла најостро ги демантира лагите објавени на социјалните мрежи и дел од порталите за несоодветно третирање на медицински отпад дополнето со скандалозни фотографии кои не се од депонијата Дрисла. ЈП Дрисла не произведува отпад, додека медицински отпад од клинички центар се доставува со …

„Дрисла“ демантира дека медицински отпад се третира несоодветно Read More »

Ковачевски ќе разговара со Шукова, откако фотографии од екстремитети и абортирани бебиња се појавија за Дрисла


Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Владата не управува со депонијата „Дрисла“, туку Градот Скопје, но потенцира дека уште денеска ќе разговара со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и ресорното министерство да ги направат контролите и проверите за точно да се утврди што се случува во депонијата. Имено, Демократското движење на Изет …

Ковачевски ќе разговара со Шукова, откако фотографии од екстремитети и абортирани бебиња се појавија за Дрисла Read More »

Се асфалтира паркингот зад Народна Банка – наскоро ќе се наплаќа


Општина Центар минатата недела го прошири дивиот паркинг зад Народна банка, а денеска и го асфалтира. Станува збор за паркинг кој имаше оштетен асфалт и на кој без никаков ред се паркираа коли кој каде ќе стигне често и блокирајќи се меѓу себе.  Овие денови Општина Центар го изгреба стариот и испукан асфалт, го прошири …

Се асфалтира паркингот зад Народна Банка – наскоро ќе се наплаќа Read More »

Училиштето во Булачани добива нова спортска сала


Интензивно се работи на иградбата на нова училишна, спортска сала во ООУ „Наум Охридски“, во скопско Булачани.   – Направив увид во градежните работи за изградба на новата училишна сала во општинското основно училиште „Наум Охридски“ во Булачани. Она што може да се заклучи е дека градежните активности се реализираат согласно утврдениот план и динамика …

Училиштето во Булачани добива нова спортска сала Read More »

Вечерва почнува „Звукот на Скопје“ – „Фолтин“ на плоштад,


Вечерва, на сцените на плоштадот „Мајка Тереза“ и паркот „Ибни Пајко“ ќе се одржи уште едно издание на фестивалот „Звукот на Скопје“ „Звукот на Скопје“ е нов, летен, open air фестивал, кој прераснува во ново скопско музичко жариште и е во организација на Културно информартивен центар. Во рамките на овој фестивал, на голема сцена ќе …

Вечерва почнува „Звукот на Скопје“ – „Фолтин“ на плоштад, Read More »

Славески предлага да се тргнат од дневен ред предлозите за екоавтобуси на Арсовска


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, постојано велеше дека предлогот за задолжување за набавка на екоавтобуси, ќе се најдува како точка на дневен ред на секоја седница на Советот, додека советниците не решат да го изгласаат, но денеска, претседателот на Советот Трајко Славески, предложи таа точка и уште неколку други да се тргнат од дневен …

Славески предлага да се тргнат од дневен ред предлозите за екоавтобуси на Арсовска Read More »

Екопатролата секој ден на терен – Скопје сѐ погнасно


Минатиот месец, екопатролата на ЈП „Комунална хигиена’-Скопје изготви вкупно 52 едукативно-информативни записника за лица и правни субјекти коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад во скопските општини Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Бутел и Ѓорче Петров. Екопатролата врши секојдневен надзор и дежурства на дваесетина локации во сите скопски општини каде што …

Екопатролата секој ден на терен – Скопје сѐ погнасно Read More »

Преку стручни совети до рано препознавање и решавање на булинг меѓу учениците


Општина Центар спроведува обуки за наставниците и стручните соработници од сите училишта во општината за рано препознавање, решавање и превенција на врсничко насилство – булинг. Обуките се одржуваат во соработка со Здружението „Европски соѕвездија“ во КСП Центар –Јадро од страна на еминентни универзитетски професори. „При самиот старт на учебната година наставниците и стручните соработници од …

Преку стручни совети до рано препознавање и решавање на булинг меѓу учениците Read More »

Општините и училиштата ги доделуваат на користење објектите за спорт во нетранспарентни постапки


Денес, 13 септемри 2023 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето – Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините спроведено во: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Истражувањето открива дека спортските објекти се издаваат на користење на нетранспарентен начин, голем дел од овие објекти имаат нерешен статус, не се …

Општините и училиштата ги доделуваат на користење објектите за спорт во нетранспарентни постапки Read More »

Почна изградбата на затворен базен кај салата „Партизан“ во Карпош


Денеска започнаа градежните активности на затворениот базен во рамки на спортската сала „Наум Наумовски Борче“, попозната како „Партизан“ во Карпош 4. Како што информираат од Општина Карпош, увид во градежните активности денеска  направија градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски. -По многубројните инвестиции …

Почна изградбата на затворен базен кај салата „Партизан“ во Карпош Read More »

Со мобилна апликација може да се плати за Градски паркинг


ЈП „Градски паркинг“- Скопје денеска ја пушти во употреба апликацијата Parking.MK за зонско паркирање која ќе биде достапна за користење на IOS и ANDROID уредите. Апликацијата, информираат од ЈП „Градски паркинг“, е бесплатна за симнување, едноставна за примена и нуди низа поволности, меѓу кои, можност преку ГПС прецизно и точно да се утврди локацијата на …

Со мобилна апликација може да се плати за Градски паркинг Read More »

Нов покрив и енергетски ефикасна фасада доби градинката „13 Ноември“ објектот Јасмин


Општина Центар ги заврши реконструктивните зафати на целата кровна конструкција и поставувањето на енергетски ефикасната фасада на целата градинка со површина од околу 1500 метри во градинката Јасмин, објект на матичната градинка „19 Ноември“. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше во посета на градинката од каде истакна дека инвестициите во образованието значат подобри услови …

Нов покрив и енергетски ефикасна фасада доби градинката „13 Ноември“ објектот Јасмин Read More »

Жена тешко повредена при симнување од автобус


 Жена на возраст од 65 години е тешко повредена при симнување од автобус.  На 12.09.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Втора Македонска Бригада“, при симнување од автобус, патничката А.Ј.(65) од с.Добрино паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од МВР.  Извршен …

Жена тешко повредена при симнување од автобус Read More »

Без струја дел од општина Карпош


 Делови од општинина Карпош денеска, во различни периоди, ќе останат без електрична енергија, соопшти РЦУК. Од 09:00 до 14:30 часот струја нема да имаат корисниците на дел од ул. „Козле“, а од 09:00 до 12:30 часот корисниците од ул. „Козле“ број 19,21 и 23. 

Градоначалникот на Гази Баба се пожали на Фејсбук дека секојдневно добива закани по живот


Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски на својот Фејсбук профил објави дека секојдневно до него пристигаат закани по живот. Според објавата, заканувачите се закануваат и по безбедноста на неговото семејство. „Изминатиот период до мене се упатуваа директни и индиректни закани по мојот живот и безбедноста на моето семејство. Од вчера (10.09.2023 година), слободно можам да …

Градоначалникот на Гази Баба се пожали на Фејсбук дека секојдневно добива закани по живот Read More »