Екопатролата секој ден на терен – Скопје сѐ погнасно


Минатиот месец, екопатролата на ЈП „Комунална хигиена’-Скопје изготви вкупно 52 едукативно-информативни записника за лица и правни субјекти коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад во скопските општини Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Бутел и Ѓорче Петров.

Екопатролата врши секојдневен надзор и дежурства на дваесетина локации во сите скопски општини каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини, соопштија од претпријатието.

Воедно, во рамките на тековната седмица, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје отстранија приближно 180 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани на улиците „Крсте Асенов“ и „Методија Митевски“ во општината Чаир, на улицата „Алија Авдовиќ“ во општината Гази Баба, како и во непосредна близина на фонтаната во Градскиот парк.