Педофил, пијан нападнал и допирал 3-годишно дете во Дебар Маало


Фото: Б. Грданоски

Пред два дена, во 22.20 во Скопје полициски службеници од ПС Центар го лишиле од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син.

Известен е јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Според некои медиуми, се работи за 3-годишно дете, кое педофилот го фатил и го соблекол, а другарчето кажало на мајката која го пријавила случајот. 

Вечерва, во 20 часот, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со портпаролот на МВР Тони Ангеловски, ќе дадат изјава за медиуми пред пекарницата „Силбо“ во Дебар Маало.

Најавија, зачестени контроли кои ќе започнат „во регионот на Општина Центар по немилите настани кои се случија изминатите денови“.