ЈСП во криза, и сите да функционираат ќе му фалат 100 автобуси!


Предлогот за набавка на нови еколошки автобуси повторно беше отфрлен во Град Скопје иако состојбата со градскиот јавен превоз е алармантна и од септември ќе биде уште полошо.  Мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за оваа предлог одлука, за која беа потребни гласови од 23 советници, а гласа само 17 советници. Дека сотојбата во ЈСП […]

Земјотрес од 2 степена по Рихтер регистриран во Скопје


Земјотрес со локална магнитуда од 2 степена по Рихтер е регистриран попладнево во 14 часот и шест минути со епицентар во скопско епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. -Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информира […]

Славески тврди дека пари за нови автобуси во буџетот на Град Скопје нема


Пари за нови автобуси нема, објави претседателот на Доветот на Град Скопје, Трајко Славески, по реакциите во јавноста околу недостигот на автобуси и неисправноста поради што има случаи на колабирани патници.   „Три-четири месеци пред завршувањето на минатата 2023 година, градоначалникот Арсовска имаше изјава во медиумите по 16-17-тиот неуспешен обид за изгласување на одлука за задолжување […]

​Ѓорѓиевски: Нови 60 деца ќе бидат згрижени со проширувањето на градинката „Весели цветови“


 Дел од градинката „Сончоглед“ која беше дадена на користење на Центарот за социјални работи, се враќа во владеење на Општина Кисела Вода. Малиот број на деца кои го посетуваа Центарот за деца од улица, ќе бидат префрлени на друго место, а објектот по реконструкцијата што следи, ќе биде градинка која што ќе може да прими […]

„Пакомак“ нуди на свој трошок да ги празни сите контејнери за селективен отпад од пакување на територијата на Град Скопје!


Сѐ почести се поплаките од граѓаните за нередовното собирање на сметот од градските улици кој освен што е извор на непријатна миризба, на овие температури може да биде извор и на зарази. Покрај контејнерите за комунален отпад, неретко такви места каде се натрупува отпад се и контејнерите за селекција на отпадот од пакување на „Пакомак“. […]

Герасимовски за справување со вандализмот побара помош од професионалци


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски иницираше средба со проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова од Институт за социологија при Филозофскиот факултет на која разговараше за девијантните појави и вандализмот во Капиштец. На средбата беше потенцирано дека вандализмот и деструкцијата кај младите е проблем кој мора да се адресира со соодветни законски решенија и стратегија. -После […]

Без вода утре дел од корисниците во општина Бутел


Корисниците од улиците „Никола Грчето“, „Благоја Паровиќ“ и „Аугуст Цесарец“ во општина Бутел утре од 8 часот ќе немаат вода поради дефект на затворач од ф 150мм на улица „Никола Грчето“ бр.10 во населба Бутел. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот на водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот. 

Герасимовски до Град Скопје: Преполните контејнери се потенцијална зараза, чистете ги навреме


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го повикува Град Скопје редовно да го чисти ѓубрето во општината особено за време на високите температури. Герасимовски алармира дека вреќи и купишта ѓубре има на многу делови во општината од кои се шири неподнослива миризба. „Вреќи и куп ѓубре околу контејнерите не само што е лоша слика за […]

Улиците во Кисела Вода се мијат со цистерни


Се перат улиците во Кисела Вода. Со цистерни, Општина Кисела Вода од денес започна со активности за чистење на наталожената прашина на сообраќајниците, кои се извор на емисии во амбиентиот воздух. Чистите улици значат подобра хигиена и помал ризик од ширење на болести. Ова е особено важно во урбаните средини каде што секојдневно се движат […]

Со ребаланс на буџетот Општина Ѓорче Петров обезбеди пари за капитални проекти


На денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, мнозинството советници го усвои ребалансот на Буџетот на Општина Ѓорче Петров за 2024 година. Со овој ребаланс, буџетот се проширува за приближно 69.000.000,00 денари со што се обезбедуваат повеќе средства за граѓаните, како и за инфраструктурни и капитални проекти со кои се подобруваат условите за живот […]

Вработени во општината се заканувале на раководил во Бутел


Раководител во општина Бутел, на 13.07.2024 година во ПСОН Чаир пријавил кривично дело “Загрозување на сигурноста” по чл.144 ст.2 од КЗ. Службеникот-Раководител во општина Бутел добил СМС пораки со заканувачка содржина, од вработените во општината А. Е. и Б. Р. Од страна на ЕНК-ОНК превземени се мерки и активности, при што се обезбедени лицата А. […]

ЦУК: Зад Детската клиника Козле добиена пријава за пожар, гори ниска трева и грмушки


Од ЦУК вечерва информираат дека е добиена пријава за пожар зад Детската клиника Козле, при што гори ниска трева и грмушки. -Од 112 во Центар за управување со кризи до Сектор за операции и координација е добиена пријава за пожар зад Детската клиника за белодробни заболување – Козле во Скопје. Гори ниска шума, трева и […]

Скопски „Водовод“ со апел водата во најтоплите денови да се користи внимателно


Да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до граѓаните рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. „Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи […]

Ѓорѓиевски најави фабрика за производство на кондиторски производи во Кисела Вода


Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски најави голема инвестиција вредна 20 милиони евра. Од општината посочуваат дека на површина од 22 илјади метри квадратни ќе се гради една од најголемите фабрики за производство на кондиторски производи со логистички центар. Планирано е вработување на 300 лица, а производството е наменето за извоз. -Големите работи доаѓаат со […]

Четворица малолетници пронајдени затруени, итно се пренесени на Токсикологија


Четворица малолетници се пронајдени попладнево во безсознание во куќа во Скопје. Тинејџерите во моментот се на лекување на Клиниката за Токсикологија. Докторите се обидуваат да ја дознаат причината за нивната здравствена состојба, а повикан е и дежурниот персонал, јавува Фокус. Тие се во сериозна здравствена состојба, а забележани се и повреди на нивното тело. Од […]

Се реновираат тоалетите во „Лазо Ангеловски“, нови спортски центри во салата „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче


Повеќе градежни активности се спроведуваат во текот на летниот период во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, како и во спортскиот центар „Марко Божиновски“ што се наоѓа во рамките на ова училиште. Заменик-градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска ги посети локациите каде што активно се работи на подобрување на инфраструктурата на овие објекти пред […]

Водата за пиење да не се користи за полевање бавчи


Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот. Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки […]

Без струја делови од Карпош и Ѓорче Петров


Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска во период од 9.40 ч до 14.30 ч прекин на електричната енергија ќе имаат корисниците од ул. „Атинска“, ул. „Борка Талески“ и ул. „Рузвелтова“, спроти „Треска“ во општина Карпош; Од 9 ч. до 14 ч дел од корисниците на с. Волково кон патот до црквата општина Ѓорче […]

Во општина Центар засилено полициско присуство за поголема безбедност


Синоќа, полициски службеници од СВР Скопје почнаа со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, преку превентивно присуство на полицијата. Целта е одржување на стабилен јавен ред и мир како и спречување на извршување на кривични дела и прекршоци на неколку локации меѓу кои паркот Дрвен […]

Без вода дел од корисниците во Лисиче


ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека утрово од 7 часот прекинато водоснабдување имаат корисниците од улиците „Гаврил Константиновиќ“ и „Кун“ и дел од улиците „Сотир Томовски“, „Благоја Мучето“, „Митре Влаот“, „Ернест Телман“ во Лисиче.  Прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект од ф 80мм на ул. „Гаврил Константиновиќ“ и ќе трае до неговото […]