Скопски „Водовод“ со апел водата во најтоплите денови да се користи внимателно
Да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до граѓаните рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури.
„Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високи температури кои деновиве ќе достигнат и над 40°C, како и податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, чие дневно производство достигнува и над 340.000 метри кубни вода, што е за 30% зголемување во однос на зимскиот период, апелираме до граѓаните на градот Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење“, се вели во соопштението на претпријатието.
Од таму велат да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини и улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.