Градоначалникот на Гази Баба се пожали на Фејсбук дека секојдневно добива закани по живот


Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски на својот Фејсбук профил објави дека секојдневно до него пристигаат закани по живот.

Според објавата, заканувачите се закануваат и по безбедноста на неговото семејство.

„Изминатиот период до мене се упатуваа директни и индиректни закани по мојот живот и безбедноста на моето семејство. Од вчера (10.09.2023 година), слободно можам да кажам дека доведена во прашање е мојата лична безбедност.

Сето ова доаѓа како последица на реализацијата на акцијата која општина Гази Баба ја спроведе со асистенција од Министерството за внатрешни работи за рушење на дивоградба изградена на државно земјиште во населеното место Инџиково, локација за која во завршна фаза е урбанистичко – планската документација со која на тоа земјиште се предвидува изградба на детска градинка за жителите на Инџиково.

Тој потврди дека вчера доставил пријава до надлежните институции заедно со фото – документација од целиот случај и што очекува соодветна реакција од нивна страна.