Мерна станица за квалитет на воздухот ќе биде поставена во близина на „Цементарница“


Општина Кисела Вода ќе набави мерна станица за квалитет на воздухот која ќе биде поставена во непосредна близина на фабриката „Цементарница“. Како што известуваат од општината, денеска на страницата на Бирото за јавни набавки е распишан оглас за јавна набавка, со што наскоро граѓаните ќе имаат увид во квалитетот на амбиенталниот воздух.   – Ова …

Мерна станица за квалитет на воздухот ќе биде поставена во близина на „Цементарница“ Read More »

 „Винодонија“ на 8 и 9 декември во хотел „Мериот“


Седмото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, и годинава во елегантната атмосфера на хотелот „Мериот“ на 8 и 9 декември (петок и сабота), ќе ги израдува сите вљубеници на оваа божја напивка а работното време во двата дена ќе биде од 15- 21.00 часот.  „Винодинија“ стана традиција иако многумина ја нарекуваат- рај за хедонисти, бидејќи …

 „Винодонија“ на 8 и 9 декември во хотел „Мериот“ Read More »

Екопатролата на „Комунална хигиена“ поучила 17 несовесни одлагачи на отпад – нема кој да ги казни


Во текот на ноември, екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје изготви вкупно 17 едукативно-информативни записници за лица и правни субјекти коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад во скопските општини Центар, Гази Баба, Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош. Од ЈП Комунална хигиена-Скопје информираат дека активностите се одвивале на булеварите „Илинденски одреди“, …

Екопатролата на „Комунална хигиена“ поучила 17 несовесни одлагачи на отпад – нема кој да ги казни Read More »

Брзиот автобуски превоз во Скопје е заложник на политиката


Скопје нема наскоро да добие брз автобуски транспорт, затоа што откако две години градоначалничката Данела Арсовска го држеше во фиока проектот, сега советниците не даваат дозвола за почеток на изведбата. На вчерашната седница на Советот на Град Скопје, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и советникот од Зелен хуман град, Горјан Јовановски не гласаа за негово имплементирање. …

Брзиот автобуски превоз во Скопје е заложник на политиката Read More »

Сѐ уште не е пронајдено исчезнатото девојче од Скопје – се прегледуваат камери


Четиринаесетгодишната Вања од Скопје сѐ уште не е пронајдена, дури и по 24 часа откако беше пријавено нејзиното исчезнување. Полицијата трагаше по неа и во текот на ноќта, а беа проверувани и снимките од безбедносните камери. Министерството за внатешни работи информира дека и денеска се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на 14-годишното девојче …

Сѐ уште не е пронајдено исчезнатото девојче од Скопје – се прегледуваат камери Read More »

Дел од Кисела Вода без вода


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Саса“, „Јабланица“, ул.„1438“ и ул.„1439“ во Општина Кисела Вода. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна цевка Ф110мм на улица „Саса“ бб во населбата Пинтија спроти „Бујо Градба“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со …

Дел од Кисела Вода без вода Read More »

Неколку сообраќајници затворени за сообраќај поради генералната проба за Самитот на ОБСЕ


Неколку сообраќајници во Скопје денеска ќе бидат затворени како дел од генералната проба во пресрет на 20. Министерски совет на ОБСЕ што од среда до петок ќе се одржува во Спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“.  Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Илинден“ од крстосницата со булеварот „Св.Климент Охридски“ до …

Неколку сообраќајници затворени за сообраќај поради генералната проба за Самитот на ОБСЕ Read More »

Општина Карпош ќе набави револуционерен чистач на отпад со 0 загадување


Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска потпиша договор со Бирото за регионален развој за набавка на две машини со висока технологија кои значително ќе придонесат за побрзо и поефикасно одржување на хигиената во општината. Како што соопштија од локалната самоупрваа, првата машина е мал паметен чистач со 0 загадување, наменета за чистење во урбаните …

Општина Карпош ќе набави револуционерен чистач на отпад со 0 загадување Read More »

Хаосот во сообраќајот заради ОБСЕ почнува од утре со генерална проба


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.11.2023 година (вторник) од 09 до 12 часот, поради одржување на генерална проба во врска со 30-тиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година во СРЦ „Борис Трајковски“, кој ќе се одржи од 29.11.2023 во Скопје, Единицата за безбедност на …

Хаосот во сообраќајот заради ОБСЕ почнува од утре со генерална проба Read More »

Почина зоо-негувателот Ристе Трајковски, кој беше многу поврзан со жирафите


Зоо-негувателот Ристе Трајковски, познат по љубовта и негата што им ги посветуваше на жирафите во скопската зоолошка градина, почина на 44-годишна возраст. – Штом ќе дојдам на работа влегувам кај нив за да проверам дали е сѐ под контрола. Потоа се подготвувам за сите задачи што ги носи новиот ден. Прво им ги средувам надворешните …

Почина зоо-негувателот Ристе Трајковски, кој беше многу поврзан со жирафите Read More »

Аеродромци може да ја користат дигиталната платформа „е-Логес“ за голем број општински услуги


Минатата недела во општина Аеродром беше промовирана првата платформа за дигитални општински услуги е-Логес. Истата беше презентирана и пред заинтересирани граѓани и претставници на невладиниот сектор од Аеродром и Кисела Вода. – Е-Логес е платформа финансирана од УНДП, која во моментов ја користат 18 општини. Преку неа, во наредниот период граѓаните ќе можат онлајн да добијат …

Аеродромци може да ја користат дигиталната платформа „е-Логес“ за голем број општински услуги Read More »

Автобусите на ЈСП во четврток ќе возат по саботен возен ред


ЈСП Скопје информира дека поради одржувањето на Министерскиот самит на ОБСЕ ќе има промени во возниот ред. Од претпријатието информираат дека јавниот превоз во среда ќе сообраќа вообичаено, по зимен делничен возен ред. Во четврток автобусите ќе возат по саботен возен ред. Билетарниците и центрите за персонализација во четврток нема да работат, а во среда …

Автобусите на ЈСП во четврток ќе возат по саботен возен ред Read More »

Мурал посветен на Александар Џамбазов осамна во Дебар Маало


Со цел да го збогати визуелниот изглед на објектите, Општина Центар изработува мурали и графити на одредени локации во општината. Од вчера муралот на македонскиот доајен Александар Џамбазов го краси ѕидот на ул. Орце Николов во Дебар Маало, близу Наџак. Муралот го насликаа уметниците Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ-Мачка. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски …

Мурал посветен на Александар Џамбазов осамна во Дебар Маало Read More »

Во среда скратено работно време, а четврток неработен ден за скопската администрација


Врз основа на заклучоците донесени на 199 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14.11.2023 година, Министерството за труд и социјална политика известува дека : Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември 2023 година (среда) ќе работат со скратено работно време до 12 часот, а …

Во среда скратено работно време, а четврток неработен ден за скопската администрација Read More »

Граѓаните се жалат, ЕСМ вели греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи


Греењето на подрачјето на град Скопје за сите потрошувачи се одвива од 6 до 22 часот и со внатрешна температура меѓу 20 и 21 степен, како што е пропишано во регулативата, односно исти се условите за сите потрошувачи кои ги има вкупно 63.000 (домаќинства, деловни објекти и институции), соопшти ЕСМ. Испораката на толинска енергија преку …

Граѓаните се жалат, ЕСМ вели греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи Read More »

Под мотото „Вдиши за ЦФ“ ќе се одбележи Европскиот ден за ширење на свесност за цистична фиброза


По повод Европскиот ден за ширење на свесноста за цистична фиброза денеска во Скопје ќе се одржи настан под мотото „Вдиши за ЦФ“. Настанот, кој е во организација на Асоцијацијата за цистична фиброза, почнува од Средно Водно со искачување до врв со водич и лекарски тим. -Паркингот на Средно Водно ќе биде бесплатен тој ден, …

Под мотото „Вдиши за ЦФ“ ќе се одбележи Европскиот ден за ширење на свесност за цистична фиброза Read More »

Дел од општина Центар без вода


Без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Водњанска“, „50-та Дивизија“, „Јордан Мијалков“, „Васил Ѓоргов“ и „Шарски одред“.  Во истиот период без вода ќе бидат и Средно медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, Министерство за здравство и Клиника за радиологија.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот …

Дел од општина Центар без вода Read More »

Спасени тригодишно дете и тројца возрасни кои беа заглавени на жичарата на Водно


Спасени се четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, кои беа заглавени на жичарата на Водно поради лошите временски услови и снемувањето на електрична енергија на жичарата. Како што соопшти МВР, првично е пријавено дека лицата биле заглавени во гондола на жичарата, но потоа дошла електрична енергија и лицата стигнале до врвот …

Спасени тригодишно дете и тројца возрасни кои беа заглавени на жичарата на Водно Read More »

Поради врнежите од дожд и снег, без струја Центар кај „Идадија“ и повеќе села во западна Македонија


Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите во Секторот за операции и координација, известува дека поради врнежите од дожд и од снег, што ја зафатија територијата на државата, се јавуваат дефекти на електродистрибутивната мрежа на повеќе локации во државата. Тимовите на ЕВН веќе се ангажирани за отстранување на дефектите за непречено снабдување со електрична …

Поради врнежите од дожд и снег, без струја Центар кај „Идадија“ и повеќе села во западна Македонија Read More »

Во Горно Соње блокиран автобус со број „58“, сообраќајот отежнат


Во селото Горно Соње, Општина Сопиште, блокиран е автобус на ЈСП со број „58“ и има отежнато движење на сообраќајот, информираат од Центарот за управување со кризи. Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека од операторот на ЈСП е добиена информација дека во село Горно Соње, Општина Сопиште, е блокиран автобус на ЈСП со број „58“ и …

Во Горно Соње блокиран автобус со број „58“, сообраќајот отежнат Read More »