Екопатролата на „Комунална хигиена“ поучила 17 несовесни одлагачи на отпад – нема кој да ги казни


Во текот на ноември, екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје изготви вкупно 17 едукативно-информативни записници за лица и правни субјекти коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад во скопските општини Центар, Гази Баба, Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош.

Од ЈП Комунална хигиена-Скопје информираат дека активностите се одвивале на булеварите „Илинденски одреди“, „Теодосиј Гологанов“ и „8 Септември“, како и на улиците „Бутелска“, „Јуриј Гагарин“, „Васил Чакаларов“, „Ѓорѓи Сугаре“, „Петар Ацев“, „Бапчор“, „Лазар Поп Трајков“ и „Јорганџиска улица“ лоцирана во Старата скопска чаршија.

Воедно, екопатролата продолжува со спроведување секојдневни дежурства и зачестен патролен надзор на повеќе локации во сите скопски општини, меѓу коишто се булеварот „Македонско-косовска бригада“ и улиците „Џон Кенеди“, „Втора македонска бригада“ и „Максут Садик“ – спроти Амбасадата на САД, каде што е констатирано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.