Дел од општина Центар без вода


Без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Водњанска“, „50-та Дивизија“, „Јордан Мијалков“, „Васил Ѓоргов“ и „Шарски одред“. 

Во истиот период без вода ќе бидат и Средно медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, Министерство за здравство и Клиника за радиологија. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач од Ф – 100 милиметри на улица „Водњанска“. Корисницитре ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.