Во Горно Соње блокиран автобус со број „58“, сообраќајот отежнат


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

Во селото Горно Соње, Општина Сопиште, блокиран е автобус на ЈСП со број „58“ и има отежнато движење на сообраќајот, информираат од Центарот за управување со кризи.

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека од операторот на ЈСП е добиена информација дека во село Горно Соње, Општина Сопиште, е блокиран автобус на ЈСП со број „58“ и има отежнато движење на сообраќајот.

За настаната состојба, од ЦУК, се известени ЈП „Улици и патишта“ и во Општина Сопиште.