Пукна главна цевка: Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково без вода


Повеќе скопски населби и неколку општини денеска ќе останат без вода поради дефект на главната водоводна мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе започне од 09:00 часот, а без вода ќе бидат дел од корисниците во Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково. Од ЈП „Водовод и […]

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност


Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а максималната ќе достигне меѓу 29 и 37 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив […]

Соопштение на компанијата: Кујната на „Рустика вединг хол“ повторно е во функција


  Конечните инспекциски контроли и лабораториски анализи потврдија дека не се утврдени санитарно-хигиенски или санитарно-технички недостатоци, ниту контаминација во кујната, работните простории и анализираните примероци од храната, соопштува компанијата „Рустика вединг хол“. По добивањето на конечните лабораториски наоди што следеа по случајот со труењето во Прилеп, нивната кујна повторно е во функција. Од самиот почеток […]

Повеќе од седум часа утре делови од Скопско без струја


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат повеќе делови од општина Петровец. Од таму информираат дека без електрична енергија ќе останат селата Огњанци, Чифлик.Петровец(дел од селото), Фазанерија, Јасен, Катланово, Стари лозја, Фазанерија пумпа, ЗИК Фазанеријас. Катлановско Блаце, Бадар, Кожле, Фазанерија Тотинци, Пумпа водовод Кожле и тунел Катланово. Прекинот ќе трае во […]

Ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав


Владата веќе работи на измени на правилникот за увоз на млеко во прав и палмино масло, а паралелно се подготвуваат и мерки за намалување на залихите во млекарниците и за поддршка на домашните млекопроизводители, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата планира помош за секторот. Според Мицкоски, актуелните проблеми во млекарството […]

Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица


Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја проширува истрагата за случајот со нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, познат во јавноста како случајот со ботоксите, при што се осомничени уште четири лица. Како што соопшти Обвинителството, во рамки на истражната постапка вчера биле извршени претреси на пет […]

Никнува нов парк во Карпош


Градот Скопје започнува со реализација на проектот за изградба на нов мега-парк во општина Карпош, на површина од 72.000 квадратни метри, со што долгогодишно запуштениот простор, кој со години беше претворен во дива депонија, ќе биде целосно уреден и ставен во функција на граѓаните. Проектот предвидува целосно хортикултурно уредување на просторот, изградба на парк за […]

Алиу по 13 месеци заминува од функцијата: Парамедик ќе се станува со три години студии


Реализирани се многу проекти во здравството – изјави денеска министерот за здравство во заминување Азир Алиу осврнувајќи се на периодот од 13 месеци, откога ја извршува функцијата. – Успех е тоа што 15 закони веќе се работат, некои од нив поминаа, дел е од законодавниот екосистем во државата, а други се во тек. Вториот момент […]

Широк Сокак доби ново лице: Битола ја оживеа иднината со технологија


  На Широк Сокак се вперени сите погледи, и тоа во нешто што Битола  досега не го видела – иднината која буквално „оживува“ пред очите. Наместо класични фотографии во излозите, најпознатата битолска улица стана сцена за технологија од 21 век. Студенти, професори, деканот и ректорот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. […]

Прирачниците против врсничко насилство на „Макпетрол“ достапни на вебсајтот на „Крени глас“


  Прирачниците кои имаат за цел да помогнат при препознавањето и справувањето со врсничкото насилство, изработени во рамки на кампањата на „Макпетрол“ – „Крени глас – Стоп за булинг“, се поставени и достапни онлајн на интернет-страницата на Министерството за образование и наука, како и на платформата kreniglas.mk. На овој начин, материјалите ќе бидат достапни не само […]

И Дебар се приклучува на системот „Безбеден град“


Системот „Безбеден град“ (Safe City) се воведува и на подрачјето на Дебар, со цел да ја подобри контролата на сообраќајот, да ги намали незгодите и да ја зголеми безбедноста на патиштата преку поставување на безбедносни камери и контрола на брзината. -Моментно во Дебар се поставуваат сообраќајни камери од системот „Безбеден град“, кои наскоро ќе бидат […]

Николоски убеден дека Касами ќе најде најдобро решение околу преименување на улиците во Тетово


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во одговор на новинарско прашање денеска оцени дека градоначалникот Биљал Касами ќе најде најдобро решение откако во албанскиот политички блок одреден период се води јавна полемика на тема преименувањето на улиците во градот, а во прашање е доведено и функционирање на Советот. Истакнувањето политички ставови на оваа тема […]

Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска


Сребреница претставува траен и темен печат врз совеста на целото човештво – нагласи претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешното одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во законодавниот дом. Тој потсети дека 11 јули 1995 година е злогласен датум кога беа убиени речиси 8.000 бошњачки муслимани, чија единствена вина била нивната […]

Центар за услуги отворен и во Прилеп


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска го посетија Центарот за услуги во Прилеп, воспоставен како резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп. Со неговото ставање во функција административните услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk им се доближуваат на граѓаните од Прилеп и околината. […]

Сончев и топол викенд, во недела попладне можен локален дожд со грмежи


Времето претстојниот викенд ќе биде сончево и топло, а во недела во попладневните часови можни се дожд и грмежи, покажуваат прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи. За утре најавено е сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Во Скопје, исто така, сончево време со мала облачност. Се очекува слаб до […]

Крај за вандализмот: Видеонадзор ќе се постави на сите игралишта во Аеродром


Општина Аеродром започнува постапка за воспоставување систем за видеонадзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите. На вчерашната седница на Советот беше усвоен предлогот за отпочнување на постапката. Општината упатува благодарност до советниците кои ја препознаа важноста на оваа мерка и дадоа поддршка за нејзината реализација. Секое искршено игралиште претставува загуба за сите […]

Реконструкција на улицата „Атинска“ во Карпош – ќе биде готова за 30 дена


Општина Карпош започна со реализација на проектот за реконструкција на постојната улична мрежа и тротоарските површини на улицата „Атинска„ во у.з. „Владо Тасевски“. Во рамки на градежните активности ќе биде извршена целосна реконструкција на коловозната конструкција која опфаќа асфалтирање на коловозната лента, замена на рабниците и замена на долниот строј. Во меѓувреме ќе се реконструираат […]

Евроамбасадорот Михалис Рокас во посета на Кичево


 Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе ја посети општина Кичево, во рамки на  иницијативата за информирање на јавноста со цел приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Посетата ќе почне со средби меѓу амбасадорот Рокас, градоначалникот Александар Јовановски и членовите на Советот на општината. -Дискусиите […]

Сончево со мала облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 10 јули 2026 година, 191-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  174 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 8 минути, а ќе зајде во 20 часот и 10 минути. Денов трае 15 часа и 2 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее 47 […]