Европската перспектива на Балканот: мит или реалност?


Пред 15 години во Солун европските лидери свечано изјавија дека иднината на Западниот Балкан е во ЕУ. ЕУ чекаше повеќе од една деценија и по три крвави војни, по падот на комунистичкиот режим и федерална Југославија, за да заклучи дека мирот, стабилноста и демократијата во овој турбулентен регион не може да се издвои од членството […]

Шекеринска: Груби изгледа е голем оптимист, не мислам дека е точна таа проценка


Вицепремиерката Радмила Шекеринска во вечерашното интервју на ТВ 24 коментирајќи ја изјавата на Артан Груби дека е постигнат договор за името, вели дека далеку е од такво нешто. „Груби изгледа е голем оптимист. Не мислам дека е точна таа проценка. Во спорови кои траат толку долго, нијанси одлучуваат. И се додека немате договор, сте далеку […]

Mерките за градење доверба: Седма рунда консултации меѓу македонското и грчкото МНР


Делегации на министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Грција денеска во Скопје ја одржаа седмата рунда консултации во врска со Мерките за градење доверба (МГД). Како што соопштија од МНР, состанокот претставуваше продолжение на пријателскиот и конструктивен дијалог за различни области од заеднички интерес, во поддршка на напорите на Владите во создавањето […]

Средба на Заев со делегација на организацијата „Лајонс Македонија“


Премиерот Зоран Заев денеска на средба со делегација на интернационалната асоцијација на Лајонс клубовите (ЛЦИ) „Лајонс дистрикт 132-Македонија“ ја поздравил нивната хуманитарна мисија и придонесот за претставување на Македонија, нејзините туристичките потенцијали и можностите за инвестирање на меѓународен план. Членовите на „Лајонс клуб – Дистрикт 132 Македонија“ го запознале премиерот со најновите активности, како што […]

Архивскиот материјал во Државниот архив не е оштетен, покажал увидот на комисијата


Архивскиот материјал во зградата на Државниот архив не е оштетен, утврдила комисија составена од претставници од Влада на РМ, Архив на РМ и Јавното обвинителство, соопшти вечерва владината прес-служба. Увидот е извршен на барање на министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, а во него учествувале и секретарот на Јавното обвинителство, Митко Митревски […]

Вилма Трајковска доби награда за општествени заслуги од ОМД


Во канцеларијата на Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) вчера им беа врачени награди на Вилма Трајковска, сопругата на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, и на Маријана Петир, пратеничка во Европскиот парламент од Хрватска. На приемот  организиран од ОМД во нивна чест, претседателот Мето Колоски и врачи награда на Трајковска за oпштествени заслуги и за […]

Заврши вештачењето: Мерцедесот кој го нарача Груевски со дупло пониска цена


Според тврдењата на 24 вести луксузниот мерцедес кој го нарача поранешниот премиер Никола Груевски, сега вреди дупло помалку. Односно, според формулите на проценителот, утврдено е дека неговата вредност сега е 60% помалку од онаа во 2012. кога бил купен. Со возилото досега биле поминати 80.500 километри. Неговата регистрација има важност до јули 2019 година. Гумите, кои […]

Воспитувачката од Аеродром уште оди на работа (Видео)


Воспитувачката од градинка во скопски Аеродром, која беше обвинета од страна на родителите дека го истепала нивниот син и понатаму оди на работа, потврди градоначалникот на Аеродром, Златко Марин. Инспекциските служби и Министерството за труд и социјала немаат докази за утврдување на вината на воспитуваачката и поради тоа не може да биде прекинат нејзиниот работен […]

Шилегов за „Етнос“: „Плановите на Груевски нѐ вратија назад“


Иднината на Скопје се наоѓа во европското општество, истакнал скопскиот градоначалник во интервјуто под наслов „Плановите на Груевски нѐ вратија назад“, објавено во денешното издание на грчкиот весник „Етнос“. Во интервјуто Шилегов објаснува дека уште пред да стане градоначалник бил свесен за предизвиците со кои што ќе се соочи, но дури по преземањето на должноста, […]

Општина Аеродром ќе донира 300.000 денари на Центарот за сензорна терапија


Општина Аеродром ќе издвои 300.000 денари од својот буџет за стручни лица кои ќе работат во втора смена во Центарот за сензорна терапија „Во мојот Свет“. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Аеродром, Златко Марин кој заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е Иван Петков го […]

Архитектите бараат нова локација за Клинички центар


Промена на локацијата на Клиничкиот центар мора да има зашто на постојната, со целиот сообраќаен метеж и загрозена животна средина, тој ќе умре, смета Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Архитектите денеска се пожалија дека Владата не побарала од нив стручно мислење за овој проект, констатирајќи дека продолжува практиката на нивно изземање кога се донесува одлука […]

Деца со аутизам од социјално загрозени семејства бесплатно во Центар за сензорна терапија


Деца со аутистичен спектар на нарушување на возраст од две до девет години од социјално загрозени семејства ќе добијат едногодишен бесплатен ран третман и терапија во Центарот за сензорна терапија „Во мојот свет“ во Скопје. Ова го овозможува проектот што го подготви Министерството за труд и социјална политика во соработка со Здружението „Во мојот свет“ […]

Градоначалниците Богоев, Марин и Наумоски со точак стасаа на работа(Фото)


Денеска во Македонија се одбележува интернационалниот ден „Со велосипед на работа во зима“ (Winter bike to work day) на иницијатива на движењето „На Точак“. Во одбележувањето на овој ден се вклучија и Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за образование и наука, Град Скопје и уште неколку општини. Утринава на работа со точак […]

Прилеп се подготвува за 17-от по ред меѓународен карневал „Прочка 2018“


Општина Прилеп се подготвува за одржување на 17-от по ред меѓународен карневал „Прочка 2018“. Карневалските свечености ќе почнат на 16 февруари со отворање на традиционалната изложба на детски маски во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Ден потоа ќе се одржи детскиот карневал за учесници до 14 години. Главната манифестација ќе се одржи на Прочка, на […]

Шуга во Крива Паланка и во Ранковце


Во јануари на подрачјето на Крива Паланка и Ранковце се регистрирани пет заболени од грип, а шест лица од двете општини заболеле од шуга, информираат од Подрачната единица на Хигиено-епидемиолошка служба на Центарот за јавно здравје – Крива Паланка. – Месецот кој измина се регистрирани пет случаи на заболени од ова вирусно заболување на подрачјето […]

Груевски до судијата: На Заев му се закажуваат рочишта на три месеци, а мене на три дена


Судењето за предметот „Т.Н.Т“ на Специјалното јавно обвинителство, во кое обвинети за уривањето на комплексот „Космос“ се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, е одложено за 15 февруари. Одложувањето го предложи судијата Огнен Ставрев, на што одбраната реагираше дека времето […]

Се гради нов потпорен ѕид на Водно


Општина Центар почна да гради потпорен ѕид на улица „Христо Татарчев“ за да го реши проблемот со ерозија на земјиштето на дел од улицата. Ѕидот ќе биде долг должина од 15 метри, а ќе достигне висина од 8 метри. „Жителите реагираа и бараа од Општината да ги заштити од секојдневните опасности од слегнување, лизгање и […]

Уште 90.000 евра за новата зграда на ЕЛЕМ


И новото раководство на „Електрани на Македонија“ продолжува да троши пари за доизградба на административната зграда, која е дел од проектот „Скопје 2014“. Од компанијата процениле дека треба да потрошат уште околу 90.000 евра за комплетирање на електричната инсталација во зградата, чија вредност достигна речиси 18 милиони евра. Новите трошоци биле неопходни за купување подни […]

Во Хрватска се отвара центар за лечење со канабис


Во бањата „Свети Мартин“ на север на Хрватска наскоро ќе се објави првиот „канабис центар“ каде во лечењето ќе се користи медицински канабис, објави Хрватската телевизија. Терапијата најпрво ќе биде наменета за хронични болни и ќе трае по три недели. За останатите корисници, бањата ќе биде достапна од април. Лекувањето ќе чини повеќе од 400 […]

Шилегов и Каминис ќе го зацврстуваат пријателството меѓу Атина и Скопје (Видео)


Скопје и Атина ќе го зацврстуваат пријателството и соработката меѓу градовите и земјите. Ова генерално било договорено на денешната прва заедничка и официјална средба меѓу градоначалниците Петре Шилегов и Јоргос Каминис на која домаќин беше градоначалникот на главниот град на јужниот сосед. Средбата која се одржала во пријателска атмосфера, како што информираат од Град Скопје, […]