Во Хрватска се отвара центар за лечење со канабис


Во бањата „Свети Мартин“ на север на Хрватска наскоро ќе се објави првиот „канабис центар“ каде во лечењето ќе се користи медицински канабис, објави Хрватската телевизија.

Терапијата најпрво ќе биде наменета за хронични болни и ќе трае по три недели. За останатите корисници, бањата ќе биде достапна од април.

Лекувањето ќе чини повеќе од 400 евра на ден. И покрај цената, интересот е голем.
Во Центарот очекуваат гости од Европа, од САД и од арапските земји.