Се гради нов потпорен ѕид на Водно


Општина Центар почна да гради потпорен ѕид на улица „Христо Татарчев“ за да го реши проблемот со ерозија на земјиштето на дел од улицата. Ѕидот ќе биде долг должина од 15 метри, а ќе достигне висина од 8 метри.

„Жителите реагираа и бараа од Општината да ги заштити од секојдневните опасности од слегнување, лизгање и ерозија на земјиштето. Постоеше потенцијална опасност од лизгање на куќите од улицата ‘Свејко Арсов‘“, велат од Општината.

Оттаму информираат дека градоначалникот на општина Центар наредната недела договорил средба со директорот на ИЗИС за да се утврдат критичните точки на територијата на општината каде што нема да се издаваат одобренија за градење.