Градоначалниците Богоев, Марин и Наумоски со точак стасаа на работа(Фото)


Денеска во Македонија се одбележува интернационалниот ден „Со велосипед на работа во зима“ (Winter bike to work day) на иницијатива на движењето „На Точак“.

Во одбележувањето на овој ден се вклучија и Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за образование и наука, Град Скопје и уште неколку општини.

Утринава на работа со точак дошле градоначалниците на Аеродром и Ѓорче Петров, Златко Марин и Александар Наумоски.

 

Акцијата има за цел да ги мотивира граѓаните, институциите, фирмите, кафулињата, улилиштата да го прифатат предизвикот и со велосипед да отидат на работа или училиште, бирајќи го тоа превозно средство како нов современ урбан стил на добро живеење.

„Во време кога сме соочени со големо загадување на амбиенталниот воздух, велосипедот треба да биде замена за моторните возила. Затоа и Општина Карпош, оваа година започнува да субвенционира купување на нови велосипеди. Поголемата достапност на ова превозно средство овозможува повеќе граѓани да го користат велосипедот и на директен начин да придонесат во намалување на загадувањето“, велат од Карпош.