Рот: ЕУ треба да ги исполни ветувањата кон Северна Македонија


Германија– Европската унија треба да ги исполни ветувањата дадени кон земјите од Западен Балкан, вели државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот во врска со вчерашната оценка на Европската комисија дека Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите за почеток на преговорите за членство во Унијата. – Во Северна Македонија […]

Нема договор за СЈО: Европа бара конечни пресуди и конфискации


Додека Владата и опозицијата се договараат и никако да се договорат за Специјалното јавно обвинителство, извештајот на Европската комисија стигна и им порача на преговарачките тимови дека мора да има одговорност за прислушувањето и криминалот кој произлезе од разговорите. Токму СЈО е една од клучните институции која се проткајува низ целиот извештај, а ЕК констатира […]

Клучни наоди од Извештајот на ЕК напредокот на земјата за 2019 година


Земјата продолжува со стабилно темпо на спроведување на реформите во текот на целиот период на извештајот, додека Владата презема чекори за враќање на механизмите за контрола на власта, за јакнење на демократијата и владеењето на правото, во една инклузивна и отворена политичка атмосфера, се вели во Извештајот за напредокот на земјата за 2019 година што […]

Брисел нè награди, Берлин нè олади


Еврокомесарот Јоханес Хан и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, вчера го исполнија тоа што ѝ го ветија на нашата држава – ни испорачаа препорака за преговори со Унијата. Останува сега земјите членки да ѝ стават печат, т.е. да ја потврдат, процес што ќе треба да се протне низ иглени уши бидејќи отчукува времето […]

Алпинистичко-спасувачка показна вежба „Водно 2019“


Алпинистичко-спасувачка показна вежба „Водно 2019“ денеска ќе одржат припадниците на МВР во непосредна близина на големиот паркинг кај жичарата на средно Водно. На настанот, што се спроведува во рамки на активностите по повод одбележувањето на Денот на полицијата, припадници на хеликоптерската единица при МВР ќе извршат симулација на спасување лица заглавени во гондолите на жичницата […]

Османи и Димитров во посета на Италија и Белгија


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе престојуваат во Италија, а утре ќе бидат во работна посета на Белгија. Во Италија тие денеска ќе имаат средба со италијанскиот министер за надворешни работи Ензо Моаверо Миланеси, како и со  Лучијано Ди Алфонсо, претседател на Комитетот за односи со земјите […]

Џафери: Очекуваме ЕУ да стои на својата определба за отворени врати


Претседателот на Собранието Талат Џафери во заедничката изјава на државниот врв по примањето на Извештајот од Европската комисија во претседателската Вила Водно рече дека Извештајот јасно покажува дека Република Северна Македеонија целосно ги има постигнато и исполнето препораките од Самитот на Европската унија минатиот јуни за можноста до овој јуни да ги исполниме тие препораки […]

Заев: На потег е Европа да испорача одлука врз основа на нашите заслуги


Денеска сите ние сме горди на уште еден голем успех на нашата земја и на политиките за остварување на нашиот стратешки приоритет, тоа е членството во ЕУ. Амбасадорот Жбогар ни ја презентираше десетатта по ред позитивна препорака во Извештајот на Европската комисија за нашиот напредок кон ЕУ,  вклучувајќи и препораки, препораки и за старт на […]

Жбогар: Државата е подготвена токму сега да ги започне преговорите


Во Извештајот кој денеска го презентирав се зборува за промените и навистина ми е драго што се јавуваат промени во начинот на размислување, а ништо не го потврдува тоа од денешниот состанок на кој на една маса имавме претставници од сите политички партии и сите засегнати страни кои зборуваат за иднината на оваа држава во […]

Пендаровски: Добивме најдобар Извештај, одложувањето на почетокот на преговори ќе влијае демотивирачки


Претседателот на државата Стево Пендаровски изјави дека денеска добивме најдобар извештај од Европската комисија во историјата на нашите евроатлантски интеграции, изразувајќи задоволство што Комисијата го препознала напредокот на Северна Македонија  и препорачала почеток на пристапните преговори за членство. Во изјава по примањето на Извештајот, кој му беше врачен од евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, Пендаровски наведе […]

(ВИДЕО) Изјави на Пендаровски, Заев, Џафери и Жбогар за Ивештајот на ЕК


Шефот на делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар попладнево им врачи Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2019 година на претседателот Стево Пендаровски, на претседателот на Собранието Талат Џафери, на премиерот Зоран Заев и на претставник на судската власт. По врачувањето на Извештајот, изјави за јавноста даваат претседателот Пендаровски, […]

Хан: Во јуни ќе се обидам да го одблокирам дијалогот Белград-Приштина


Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан изјави денеска дека во јуни ќе се обиде да го одблокира дијалогот меѓу Белград и Приштина. – Веќе во јуни уште еднаш ќе се обидам да ја одблокирам таа ситуација, така што ќе комунициран со обете страни за евентуално нешто да подготвиме за јули, изјави Хан. Тој дополни дека […]

Сашо Коруновски реизбран за ректор на Битолскиот универзитет


Актуелниот ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, е реизбран на таа функција. На денешните непосредни и тајни избори, членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците на Универзитетот му доверија нов, тригодишен мандат на Коруновски и предност наспроти неговиот противкандидат, професорот Тале Герамитчиоски. Како што е познато, актуелниот и новоизбран […]

Општина Карпош со финансиска поддршка за ученици, спортисти, културни друштва


Членовите во Советот на Општина Карпош на денешната 23-та седница ги одобрија одлуките за одобрување финансиски средства за летен одмор на ученици од семејства во потешка материјална состојба од општината, како и финансиски средства за награди за полуматуранти-првенци на генерација за заедничко патување од општинските основни училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа […]

Петок и за време на викендот: Поројни дождови со град


Следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи претежно во попладневните часови. Особено поинтензивни процеси со локално невреме и појава на град се очекуваат во петок и за време на викендот. Поради северен ветер од петок дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање, предупредуваат од УХМР. За утре се предвидува сончево и топло […]

Могерини: Северна Македонија и Албанија го завршија својот дел од работата и сега е ред на ЕУ


Северна Македонија и  Албанија ја искористија можноста и испорачаа реформи, го завршија својот дел од работата и сега е ред на ЕУ да го исполни својот, изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини на заедничката прес-конферениција со еврокомесарот Јоханес Хан на која го  презентираа пакетот за проширување на ЕУ. Посочи […]

Вартоломеј отвора врати за статусот на МПЦ-ОА?


Вселенскиот патријарх Вартоломеј итро ја подотвора вратата за решавање на македонското црковно прашање. Вака верските аналитичари ги оценуваат последните, како што велат, охрабрувачки сигнали што Вартоломеј ги испраќа во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС, каде што детално ја објаснува одлуката на Вселенската патријаршија да ѝ даде автокефалност на Украинската црква, блиските односи со Бугарската православна […]

„Македонски телеком“ ги предупреди корисниците за лажна наградна игра


„Македонски Телеком“ денеска ги предупреди своите корисници да не учествуваат во наградна игра за која им стигнуваат пораки на нивните телефони бидејќи се работи за лажна игра со која може да се злоупотребат нивните лични податоци. – Македонски Телеком ја информира јавноста дека дел од корисниците добиваат пораки за наградна игра од лажна веб страница или […]

Пендаровски: Високо ја цениме ратификацијата на Протоколот за НАТО и романската поддршка за ЕУ


Северна Македонија високо ја цени ратификацијата на Протоколот за нашето пристапување во НАТО, како и цврстата поддршка на Романија како актуелен претседавач со Советот на Европската унија, за отпочнување на пристапните преговори, истакнал претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со романскиот амбасадор Виорел Станила. Претседателот, како што се наведува, истакна дека Република Северна Македонија како […]

Жбогар: Земјата ја искористи шансата и доби чиста препорака


Од Брисел денеска добивме многу добра вест. Европската комисија препорача почеток на преговорите со Северна Македонија. Ви честитам за тоа и за напорите и посветеноста, но и за жртвите што ги направивте во изминатиот период, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешната прес-конференција во седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Тој истакна дека минатиот јуни […]