Мајмунот Коко се врати дома, со него уште три шимпанза


 

Мајмунот Коко се врати во скопската Зоолошка градина, откако 10 години беше на ресоцијализација во Холандија. Со него дојдоа уште три шимпанза.

„Со стручен тим од AAP Animal Advocasy and Protection- организација која спасува илјадници животни и каде што престојуваа Коко, Мими, Роси и Хјасл, денеска рано наутро, шимпанзата беа пренесени во новото живеалиште. Моментално се во карантинскиот дел, каде што треба да се адаптираат, заедно со своите чувари од Холандија“, соопштија од ЗОО Скопје.

Шимпанзата ќе имаат огромно живеалиште со внатрешен и надворешен дел, збогатен со многу реквизити.

„За нив ќе се грижат четири ЗОО негуватели, а после одморот и адаптацијата, нашите вработени кои го испратија Коко пред 10 години ќе одат да се поздрават со стариот другар“, напишаа на Фејсбук од Зоолошката градина.

„Во 2009 година Коко беше единствено шимпанзо во ЗOO Скопје, во тинејџерски години кога најмногу му треба друштво и љубов. Поради тоа што покажуваше знаци на анксиозност, но и поради несоодветното живеалиште, Зоолошка градина Скопје, заедно со неколку новинари во тоа време покрена иницијатива преку ЕАЗА, Коко да биде испратен на ресоцијализација. AAP Stichting, една од најдобрите светски организации за ресоцијализација и спасување животни, веднаш ги отвори вратите за наш Коко. Таму во текот на годините стена многу нови другари и меѓу вработените и меѓу шимпанзата“, велат од ЗОО Скопје.