Јанакиески се пожалил на болки и итно е пренесен во 8-ми септември


Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски поради силни болки од затворот во Шутка бил однесен во ГОБ 8-ми септември. Директорот на билницата за „Сител“ потврди дека Јанакиевски вечерва околу 19 часот бил примен во Ургентниот центар со болка во бубрезите.

Јанакиевски бил прегледан од страна на дежурните лекари, по што му дале терапија и останал во болницата до смирување на болката. По ова затворската полиција го вратила назад во затворот во Шутка.

Според неофицијални информации, тој се пожалил на болки во стомакот и лошење, поради штрајкот со глад кој трае деветти ден, односно одбивањето да јаде затворска храна во истражното одделение во затворот „Шутка“.

Од истражното оделение „Шутка“ засега не го коментираат штрајкот на Јанакиески и не даваат информации за неговата физичка состојба.

Денеска тој беше спроведен на судењето за случајот “Талир”, а се наоѓа во притвор поради продажбата на државно земјиште на фирми кои потоа не ги изградиле предвидените хотели.