Земјотрес направил пукнатина на површината на Земјата видлива од вселената


По земјотресот со јачина од 7,1 степен кој во петокот ја погоди Калифорнија, настана огромна пукнатина на површината од Земјата.

Станува збор за вториот силен потрес кој го погоди тоа подрачје за 48 часа.

Епицентарот на потресот беше во близина на градот Риџкрест, околу 240 километри североисточно од Лос Анџелес.

Во тој град забележана е поголема материјална штета, а неколку лица се повредени.

Луѓето во паника бегале на улиците, оштетени се куќите, зградите и јавните установи.

„Земјотресот беше десетпати посилен од оној ден претходно“, изјавија сеизмолозите.

Непосредната штета веднаш беше видлива, но она што ги изненади сите е променетиот изглед на тоа подрачје, пренесува „Си-ен-ен“.

Сателитските снимки покажуваат дека на подрачјето во близина на епицентарот се создаде долга пукнатина во земјата.

На снимките се гледа состојбата пред и по земјотресот. Едната фотографија е снимена на 4. а втората на 6. јули. Пукнатината на втората слика, која на првата ја нема, се протега од подрачјето на кео претходно наводно било вода до спротивниот агол на фотографијата.