ЦИВИЛ бара да се укинат привилегиите на сите функционери


ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават крај на расипништвото и привилегиите во кои уживаат функционерите. Почнувајќи од поранешните претседатели, завршувајќи со раководителите на државните агенции и други институции, сите привилегии мора да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една сиромашна земја која […]

Тимоние: Не можам да предвидам датум, се чека извештајот на ЕК за да направиме проценка


Не можам да зборувам за датум за преговори. Ќе го чекаме извештајот на Европската комисија кон крајот на мај за да направиме проценка дали е спроведено се што требаше во Република Северна Македонија, особено од областа на судството и на правната држава, изјави во Прилеп амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние. Тој пред студентите од Економскиот […]

Заврши пролетното садење: Во Скопје засадени 450 дрвја


На повеќе локации во Скопје, забележливо е дека се засадуваат нови садници, а од „Паркови и зеленило“ велат дека завршиле со пролетното садење, но дека ќе продолжат наесен. „Со садењето ќе продолжиме наесен кога ќе биде спроведена поголема акција за садење на територија на целото градско подрачје. Со последното пролетно садење, насадени се 450 садници […]

Новоизбраниот градоначалник на Ново Село ја презеде функцијата


Новоизбраниот градоначалник на Ново Село, Никола Андонов денес ја презеде функцијата со примопредавање од досегашниот в.д. градоначалник, Горан Цветков. На Андонов вчера му беше врачено Уверението за градоначалник откако ДИК го отфрли приговорот на ВМРО ДПМНЕ за едно гласачко место, а потоа и Управниот суд не ја прифати жалбата на оваа партија поднесена по одлуката […]

Османи: Уверен сум дека ќе добиеме одлука за почеток на преговори


Уверен сум дека оваа година земјава ќе влезе во втората фаза после дваесет години напори, и ќе започне преговори за пристапување со Европската Унија. Не може да се најде забелешка за работата на Северна Македонија во однос на исполнувањето на критериумите. Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, по симулацијата на состанок на […]

Автопатот Приштина – Скопје ќе се пушти во употреба на 29 мај, поканети се Заев и Рама


Косовскиот министер за инфраструктура Паљ Лекај на денешната владина седница информира за привршувањето на работите на автопатот „Арбен Џафери“, што го поврзува косовскиот главен град со границата со Северна Македонија. Лекај потврди дека свеченоста за пуштањето во употреба на последната делница од косовскиот дел од автопатот Приштина – Скопје ќе се одржи на 29 мај. […]

Дванаесет нови возила доби Итната медицинска помош, ќе се зајакнува кадарот


Министерството за здравство во отворена и транспарентна постапка со огромна заштеда набави 12 возила за Итната медицинска помош (ИМП) од кои шест ќе му припаднат на Здравствениот дом Скопје, а  по едно ќе добијат службите во Струга, Дебар, Кичево, Крушево, Крива Паланка и во Берово. Ќе се распишат конкурси за прием на медицински сестри и огласите за […]

Манчевски: Конечно ќе биде решен проблемот со вработените според Рамковниот договор


Во новото министерство за политички систем  не се предвидени нови вработувања, туку ќе има преземања од владиниот Секретаријат за Рамковен договор,  а конечно ќе биде решен проблемот со вработените според тој договор, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Според Манчевски,   завршени се постапките за ангажман на дел од вработените според Рамковниот […]

Нови гранични премини помеѓу Северна Македонија и Грција


Комисијата за национална безбедност и надворешни прашања на денешната седница во грчкиот Парламент ги прифати нацрт законите доставени од Министерството за надворешни работи на Грција за отворање на новите гранични премини кај Мајден и Маркова нога, како и за подигнувањето на Канцеларијата за врски во Скопје на ниво на амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, […]

Јанева: Одговорноста за разрешница на случаите треба да се бара во судовите


  Специјалното јавно обвинителство, како и редовното јавно обвинителство, е само орган кој гони, а за разрешница на предметите одговорноста е во судовите, рече Катица Јанева во изјава за медиумите на панелот „Реформски бенчмаркови: Дали имаме реформи и зошто не?“, како дел од проектот „Детски болести на демократијата“. „Предметите на СЈО се предадени во суд […]

Иванов лобирал за „Џевахир“, сега е нивни кираџија


Компанијата „Турмак“, фирма сателит на „Џевахир холдинг“, е потписник на договорот за закуп на двата стана во „Џевахир скај сити“ за потребите на кабинетот на поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов. Од компанијата за „Независен весник“ велат дека се работи за вкупно 274 метри квадратни деловен простор. – Помеѓу компанијата „Турмак“ АД – подружница Скопје и […]

Општина Аеродром ги обновува спортските игралишта


Општина Аеродром деновиве врши поправка и обновување на реквизитите на сите спортски игралишта, вклучително и на оние во рамките на основните училишта. Од општината информираат дека се поправаат и се обновуваат кошевите, а на спортското игралиште во непосредна близина на градинката „Лале“ во населбата Јане Сандански се поставени стаклени табли и зглобни обрачи. Овие активности […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев треба да се одмори и тоа по можност на подолго време


Заев треба да се одмори, и тоа по можност на подолго време. Барем додека Македонија не застане на нозе. Заев треба да ги одмори граѓаните и Република Македонија од него, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, 500.000 граѓани кои живеат на прагот на сиромаштија, земјоделците кои го фрлија произведеното на буниште, изрекетираните бизнисмени, луѓето кои не можат […]

Анѓушев: Релаксиран сум од најавената „метла“, тоа е во надлежност на премиерот


Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека е релаксиран кога станува збор за најавената „метла“ од страна на премиерот Зоран Заев и оти тоа прашање е единствено во ингеренции на самиот премиер. – Мислам дека тоа прашање е во ингеренции на премиерот и не би си земал слобода да го дискутирам. Несериозно е […]

Значаен пад на барањата за азил од Северна Македонија во ЕУ во март


Бројот на баратели на азил од Северна Македонија во земјите членки на ЕУ е драстично опаднат во март оваа година во споредба со претходните месеци, јави дописничката на МИА од Брисел. Oд Македонија 316 лица аплицирале за азил минатиот месец, додека пак во јануари и февруари оваа бројка изнесуваше на 600, информира Европската канцеларија за азил, ЕАСО. […]

ЈСП дозволи влез на кучиња-придружници во автобусите


ЈСП Скопје како општествено одговорно претпријатие одлучи да им излезе во пресрет на лицата со посебни потреби со куче-придружник и да им дозволи непречено користење на услугите, односно да дозволи влез на кучињата-придружници во возилата на ЈСП и во кабините на Жичарницата. Одлуката е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема […]

На седница на Влада ќе се решава за уписот во прво одделение


Децата што ги немаат примено сите вакцини според календарот за имунизација, а се на возраст за прво одделение, можат да бидат запишани во основно училиште, ама до септември да ги примат задолжителните вакцини. Ако до септември не ги примат, ќе се примени теренска вакцинација. Ова е еден од предлозите за кои ќе се разговара на […]

Шилегов го најави отворањето на „Лајка“ со четириножниот „советник“


Проектот за реконструкција на стационарот „Лајка“ е во завршна фаза. Наскоро започнуваме, најави градоначалникот Петре Шилегов на својот фејсбук-профил објавувајќи фотографија со еден од неговите идни станари, бездомното кученце во улога на „советник“. „Лајка“ е новото име на „Вардариште“. Неодамна градот формираше ново ЈП и ја назначи Тина Петрушевска да раководи со овој стационар за […]

ВМРО ќе соработува со Пендаровски само ако мора


Подадената рака кон опозицијата од страна на новоизбраниот претседател на земјата се прима со резерва во „белата палата“. ВМРО-ДПМНЕ не верува дека пораките на шефот на државата Стево Пендаровски се искрени посочувајќи дека во спротивно претседателот Христијан Мицкоски, како за почеток, ќе добиел покана да присуствува на инаугурацијата во неделата. И не само тоа, најголемата […]

Обилни врнежи во земјава, најмногу дожд во Маврово и Лазарополе


Во Маврово и Лазаропoле во изминатите 24 часа имало најмногу дожд. Во Маврово, според информацијата од УХМР, наврнале 47 литри на метар квадратен и 45 литри во Лазарополе.  Врнежи од дожд се регистрирани повеќе во западниот дел од земјата. Во Битола и Претор наврнале 32 литри на метар квадратен, во Пожаране 30 литри, Крушево 28, […]