ЗНМ: Новинарите не смеат да имаат конфликт на интереси


Здружението на новинари на Македонија ги повика своите членови и сите новинари кои имаат конфликт на интереси и имаат ангажмани во рамки на Владата или останатите јавни институции да се определат дали ќе се занимаваат со новинарство или со некоја друга јавна професија или функција. – По информациите во јавноста дека одредени новинари се ангажирани […]

Бузаку: Се плашам од Сулејман Реџепи, барам помош од државата


Скендер Бузаку, кој тврди дека законски е претседател на Исламската верска заедница е поканет во Обвинителство како што рече, да докаже дека има закани од страна на претседателот на ИВЗ, Сулејман Реџепи. “Денес сум поканет во Обвинителство како оштетен за да дадам исказ против Сулејман Реџепи, бидејќи во 23 април оваа година, тој пред сите […]

Пендаровски им разјаснил на ДУИ: Нема ниту една забелешка за Муслиу како професионалец и како човек


Претседателот на државата Стево Пендарвоски денеска информира дека на долгите и конструктивни разговори со високи претставници на ДУИ биле разјаснети неколку битни елементи за именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање. – Им реков на претставниците на ДУИ дека имав прилично долг процес на консултации со битни фактори домашни и странски во […]

МВР: Синот на Јанчев бил на „мопед“, се судрил со автомобил


Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата во која е повреден синот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев, се случила триесетина минути по полноќ на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Гоце Делчев“ во Кавадарци. Дошло до судир меѓу автомобил „фолксваген пасат“, управувано од Н.А. (36) од Кавадарци, и мопед „априлија“, управуван од петнаесетгодишно момче […]

ОЈО: Нема место за кривичен прогон за неправилности во вториот пензиски столб


Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција со која е одлучено дека нема место за јавнообвинителско постапување во поглед на кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика, а во врска со евентуални неправилности во функционирањето на вториот пензиски столб. -Кривичната пријава поднесена против непознат сторител се однесуваше на кривично дело – злоупотреба на […]

Заев со нов рок: СЈО да се договори пред одлуката за датум за преговори


Состанокот на министрите на ЕУ на 18 јуни , е новиот рок што го постави премиерот Зоран Заев за договор за Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство. Премиерот  вели дека нерешавањето на ова прашање може да биде изговор некои земји членки на ЕУ да се спротивстават […]

Ѓорѓиева: Пробен попис во 13 општини од 10 до 30 јуни, подготовка за главниот попис в година


Од 10 до 30 јуни во 13 општини во земјава, односно во 32 пописни круга, ќе се спроведе пробен попис на населението, домаќинствата и становите, соопшти Јасмина Ѓорѓиева од Државниот завод за статистика кој ќе ја спроведе оваа обемна пописна операција. Ѓорѓиева денеска беше на средба со прилепските локални власти од каде доби сесрдна помош […]

Евротинк: Сега е момент ЕУ да покаже лидерство и на земјава да и даде датум за преговори


Време е Европската унија и покрај внатрешните предизвици со кои се соочува да покаже лидерство и да и даде датум за преговори на Република Северна Македонија, со оглед на тоа што земјата досега доби најчист извештај, ги испорача зададените задачи и ги реши билатералните спорови со соседите, во спротивно Унијата би го загубила својот кредибилитет. […]

Синдикатот на одбраната се жали на условите за работа, бара оставка од министерката Шекеринска


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска да поднесе неотповиклива оставка, а трудовиот и санитарниот инспекторат да излезат на терен да извршат увид во објектите на Армијата и Министерството за одбрана. Ова денеска го побара Синдикатот на одбраната и безбедноста на прес-конференција повикувајќи се на лошите услови во касарните и, како што велат, намерното непочитување на правата […]

Османи и Димитров од Брисел: Преговорите ќе обезбедат продор на европската идеја на Балканот


Стартот на преговорите со Европската Унија ќе значи дополнителен стимул за земјата и натаму да ја игра улогата на главен промотор на европската идеја на Балканот, како суштинска придобивка на целиот регион, но и неспорен интерес на земјите – членки, порача вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој заедно со министерот за надворешни работи Никола […]

Бектеши слушнал некои од „бомбите“ за ДУИ, вели дека се приватни разговори


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека не сака да ги коментира новите т.н. бомби од прислушувани разговори наводно на лица од ДУИ, кои беа  пласирани на Фејсбук, со оглед дека таквото објавување е строго забрането со закон. Тој слушнал некои од тн. „бомби“, и како што изјави, тоа се приватни разговори. – Не […]

Пендаровски очекува одлука за преговори, можно е извесно техничко поместување на термините


Претседателот Стево Пендаровски очекува земјите членки на ЕУ да дадат согласност и земјава да добие датум за почеток на преговорите за членство Во однос на тоа дали ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ во јуни, Пендаровски вели дека постои една временска рамка која можеби германскиот Бундестаг нема да може да ја исполни […]

Шекеринска: Ни треба Влада што ќе размислува исклучиво на најважните политички прашања


Очекуваме во првите 10 дена од јуни да бидат завршени коалициските разговори и консултациите со можни кандидати, затоа што ни треба Влада што ќе има целосен мандат и нема да размислува на кадровски, туку исклучиво на најважните политички прашања. Вака одговори вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска на новинарско прашање до каде се разговорите […]

Пендаровски: Тензиите на Косово нема да ја загрозат нашата безбедност


Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека не очекува последните тензии во Косово да имаат влијание на безбедносната состојба во земјава. – И да има тензии во иднина во Косово со сличен карактер, профил или слични пропорции, тие нема да бидат такви, за да ја загрозат околината на Косово, особено нашата држава, нагласи претседателот на државата […]

Обвинение против четворица за организaција на „крвавиот четврток“


Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение за организаторите на „крвавиот четврток“, дознава „Независен“ од неофицијални извори. Според првичните информации, обвинение е поднесено против четири лица, а за поранешниот премиер Никола Груевски кој е азилант во Будимпешта и за поранешниот разузнавач Никола Бошковски кој е во бегство постапката е запрена до нивно […]

Утре во сите средни училишта ќе се полага странски јазик


Државна матура годинава се пријавиле да полагаат 15.553 ученици во државата. Пред шест години, односно во 2013 година, оваа бројка била 19.289, што покажува дека за овој период, бројот на ученици кои го полагаат овој испит, што е услов за упис на факултет, се намалил за 3.736 матуранти. Во 2015 имало 17.600 пријавени ученици, а […]

Димитров: Признавањето на напредокот на Северна Македонија би го зајакнало европското влијание во регионот


Министерот за надворешни работи Никола Димитров смета дека ако ЕУ не и даде зелено светло на Северна Македонија за отворање на пристапните преговори, тогаш тоа би имало негативно влијание и би и наштетило на веродостојноста на Унијата во регионот. Во интервју за виенскиот весник „Стандард“, министерот Димитров оценува дека признавањето на напредокот на Северна Македонија […]

Граѓаните на Чаир учеа како правилно да постапуваат со отпадот


ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска реализираше едукативно-информативни активности на улицата „Џон Кенеди“, во општината Чаир. Активностите ги спроведоа Еко-патролата и одделенијата за Едукација, квалитет и развој и професионална одговорност, коишто ги информираа граѓаните за правилното постапување со комуналниот, кабастиот и градежниот отпад. На настанот присуствуваа директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот […]

Ниту еден здравствен работник не одбил да се вакцинира


Во тек е масовна вакцинација на здравствените работници и персоналот вработен во болниците со МРП-вакцина. Станува збор за тие што ја немаат примено втората доза вакцина против мали сипаници. Здравствените установи имаат обврска да достават списоци до Министерството за здравство за медицинските лица кои ја примиле вакцината, но и за оние што одбиле да ја […]

Интензивни контроли на градилиштата во Општина Аеродром


Инспектори од Општина Аеродром деновиве вршат интензивни контроли на градилиштата на територија на општината при што е констатирано дека на улицата „Гаврил Константиновиќ“ каде се врши ископ за отпочнување на градежни активности, инвеститорот не поседува правосилно одобрение за градење. Поради ова, како што информираат денеска од Општина Аеродром, му е наредено на инвеститорот да го […]