ДИК ќе им исплати околу 2,1 милиони евра на членовите на ИО за претседателските избори


Државната изборна комисија од денеска почна со исплата на надоместокот на членовите на избирачките одбори за неодамнешните претседателски избори.

Како што објави на фејсбук Јанаке Витановски, член на ДИК, исплатата ќе оди по општини, при што надоместок им следува на околу 33 илјади члелнови на избирачки одбори кои го реализираат гласањето на самите избирачки места. На нив, во вкупнма сума ќе им бидат исплатени 133.031.000 денари или околу 2,1 милиони евра.

Како што објаснува Витановски, исплатата доцнела затоа што дел од општинските изборни комисии доставиле несоодветни податоци.