Грчкиот Парламент даде зелено светло за Договорите за новите гранични премини кон нашата земја


Со гласовите од СИРИЗА, Река и Демократска алијанса, грчкиот Парламент ги изгласа нацрт законите од Министерството за надворешни работи на Грција за Договорите за отворање на нови гранични премини кај Маркова нога и Мајден меѓу Северна Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Нова демократија, Златна зора и Сојуз на централисти беа против, […]

Утре во Солун прв состанок на Комисијата за трговски ознаки


Комисијата за трговските ознаки и трговските имиња утре ќе одржи прв состанок во Солун, откри алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу за време на расправата во грчкиот Парламент за ратификација на законите што произлегуваат од потпишаните договори во Скопје во март и април годинава за отворање на нови гранични премини. -Утре заседава […]

ЕУ може да направи историска грешка на Балканот со Северна Македонија и Албанија


ЕУ не треба да се откаже од Балканот, а неисполнетите ветувања за членство би можеле да ги ослабат умерените и реформски струи во регионот, оцени „Фајненшал Тајмс“. ЕУ би можела да направи историска грешка на Балканот, бидејќи лидерите на Унијата на самитот во јуни треба да одлучат за пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. […]

Демократска алијанса иако е против Договорот од Преспа, ќе гласа за отворање на новите гранични премини меѓу Северна Македонија и Грција


Со ладно и тешко срце, со вистинска загриженост, но со единствен критериум развој на добрососедските односи меѓу двете земји и економски развој на северна Грција, ќе гласаме за двата договори, рече пратеникот од Демократска алијанса, Јоргос Карас на денешната пленарна седница за ратификација на договорите за отворање новите гранични премини кај Мајден и Маркова нога, […]

Забавниот парк кај ,,Борис Трајковски“ е на приватен имот


Скопје доби нов забавен парк, со адреналински атракции лоциран на улица „Илинденска“ веднаш до СЦ „Борис Трајковски“. Од Град Скопје  и Општина Карпош велат дека забавниот парк пред базенот „Борис Трајковски“ се наоѓа на приватен имот. Закупник на просторот е фирмата „Луна 10 Битола“, која е регистрирана за вршење дејност забавни и тематски паркови. „Станува […]

Замир Мехмети: Знам за приватните проблеми на Павле


Поранешниот активист кој беше дел и од „Шарената револуција“, Замир Мехмети, се огласи по низата напади и критики во врска со објавената аудио снимка на која се слуша гласот на пратеникот Павле Богоевски. Откако Богоевски призна дека тоа е неговиот глас и дека набавувал нелегални супстанци, односно масло од канабис, јавноста реагира дека тој треба […]

Апелација одлучува дали Спиро Ристовски ќе излезе од притвор


Апелацискиот суд деновиве треба да донесе одлука дали ќе ја прифати жалбата, односно дали поранешниот министер и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски, ќе излезе од притвор и ќе се брани од слобода како осомничен дека го организирал упадот во Собрание. На јавна седница во Апелацискиот суд, Ристовски побара да му биде укинат притворот или […]

Димитров: Договорот е добра вест за регионот и пример за визионерско лидерство


Договорот претставува добра вест за целиот Регион и Европската Унија, и пример за тоа дека преку визионерско лидерство и јасна европска перспектива на Балканот се можни решенија дури и на најделикатните отворени прашања, потенцираше денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров во Берлин на настанот насловен „Западен Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици […]

Перкс: Само пет проценти од децата во сиромаштија добиваат финансиска поддршка


Потребна е подобра дистрибуција на финансиската поддршка за децата кои живеат во сиромаштија, бидејќи во моментов неа ја добиваат само пет проценти од овие деца, вели Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија. -Во сите делови од општеството семејството е навистина важно. Триесет проценти од децата во земјава живеат во детска сиромаштија и […]

Грчкиот Парламент расправа за ратификација на договорите за новите гранични премини кон нашата земја


Во речиси празна сала, со неколку пратеници од грчките партии, десетина минути по 16 часот по локално време започна расправата на пленарната седница во грчкиот Парламент за ратификација на двата договори потпишани во март и април во Скопје за отворање на новите гранични премини кај Мајден и Маркова нога, како и за подигнувањето на Канцеларијата […]

Дац бара оставка од пратеникот Богоевски


Актерот Драган Спасов – Дац бара оставка од пратеникот Павле Богоевски по неговото признание дека на објавената аудио снимка набавувал масло од канабис. – Очекувам оставка од Павле Богоевки. Како што е ред, нели? – пишува актерот на својто профил на Фејсбук. Пратеникот Богоевски се огласи во врска со снимката која се појави на руската […]

Седум пациенти со морбили на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип


Седум лица со морбили се лекуваат во Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев денеска рече дека еден пациент е хоспитализиран изутрината, а останатите шест пациенти во текот на минатата недела. Станува збор за шестчлено семејство, кое е заразено од морбили од Општина Карбинци и сите се на болничко […]

Улица во Скопје ќе го носи името на градот Подгорица


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на билатерална средба со градоначалникот на збратимениот град Подгорица, Иван Вуковиќ најави дека во наредниот период Град Скопје ќе донесе одлука со што една од градските улици ќе го носи името Подгоричка. – На средбата градоначалниците дискутираа за досегашната соработка меѓу двата збратимени града, како и областите каде што […]

Почнува постапка за одземање на мандатот на Груевски


Претседателот на Собранието, Талат Џафери пратил допис до Комисијата за мандатно-имунитетни прашања  во кое ја известил комисијата дека пратеникот Никола Груевски неоправдано бил отсутен од седниците на Парламентот повеќе од шест месеци, потврдија од собраниската прес-служба. Од Собранието известуваат дека почнува постапка за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски. Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека Никола […]

Адеми: Децата да се вакцинираат зашто нема да ги запишуваат во училиште


Министерот за образование и наука Арбер Адеми апелира до родителите да ги вакцинираат децата по вчерашната одлука на Владата за примање на документите за упис на првачиња при што  ќе бидат запишани само тие со потврда дека ги примиле задолжителните вакцини. Адеми најави дека ќе се следи состојбата и ако има потреба покрај теренска вакцинација […]

Принц Едвард во посета на Македонија


Принцот Едвард, грофот од Весекс (55) ќе ја посети Македонија, соопштија од британската амбасада во Скопје. Високиот гостин пристигнува вечер во Скопје, а утре, во негова чест, министерот за надворешни работи Никола Димитров и британската амбасадорка во Македонија, Рејчел Галовеј, организираат прием во Македонската филхармонија. Тој во текот на посетата ќе биде запознаен со примери […]

Пендаровски ги прими амбасадорите на Словенија и на Кина


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбек и амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лисјен. Амбасадорите во име на претседателите на двете земји, му упатиле искрени честитки на Пендаровски за изборот на функцијата претседател, му посакале успешен мандат и изразиле уверување дека севкупните односи на нивните земји со […]

Османи: Уште денеска ќе го договориме состанокот меѓу Заев и Ахмети за најавената реконструкција


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи изјави дека уште денеска ќе биде договорен состанокот меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети, околу најавената реконструкција. Османи, каде што присуствуваше на средба со студентите од Економскиот факултет при УКИМ, рече дека оваа тема тема не треба да биде доминантна во политичкиот дискурс, бидејќи, како што […]

Павле Богоевски за објавената снимка: Не нарачував кокаин, туку масло од канабис


Пратеникот Павле Богоевски се огласи во врска со објавената снимка која се појави на руската мрежа „Вконтакте“. Профилот „Илија Громовник“ кој ја објави снимката на социјалните мрежи тврдеше дека Богоевски е снимен како нарачува кокаин. Богоевски потврди дека тоа е неговиот глас, но вели дека не нарачувал кокаин туку масло од канабис. Во прилог целиот […]

Пријавите за првачињата ќе се примаат, но нема да се врши упис додека не се вакцинираат


На седница на Владата беше донесен заклучок дека во секое училиште може да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда.   Во сите училишта да се примаат пријавите за упис во училиштата и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите се […]