„Црвена јабука“ во сабота на Школка


Во рамки на фестивалот „Summerland” во Градски Парк, викендов ќе се одржат неколку интересни настани и музички перформанси. Вечерва, од 19.30 со „Готвиме со Бранко“, ќе има хуманитарно готвење за бездомните лица, а граѓаните кои сакаат да донираат, ќе може да донесат оброци.
Од 21 часот, The music room ќе има тричасовен музички live сет- комбинација од диџеј, гитара и вокал, а просторот пред Школка ќе биде претворен во голем подиум за танцување.
Во сабота пак, преку ден е предвидена детска програма. Од 17 часот, влезот во Зоолошка градина Скопје ќе биде бесплатен за сите, а од 18 часот, посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо Парк“, возејќи се на вовче. Вечерта од 22 часот, на Школка настапува сараевскиот бенд „Црвена Јабука“.
Во недела на Школка , од 19 децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ Карпош и интерактивната боенка „ЗОО Азбука“, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21 часот на главната сцена, настапуваат рокенрол бендот- Културно Уметнички Работници.