Шекеринска: Ќе продолжат сајбер-упадите


 

Разговорите на премиерот Зоран Заев со руските „комичари“ и измамници не ја ставиле во ризик безбедноста на земјата, смета министерката за одбрана Радмила Шекеринска, но додава дека сепак се случај од кој треба да се учи како да се подобри безбедноста на комуникациите.

Шекеринска очекува ваквите хибридни и сајбер напади да продолжат.

-Треба да се навикнеме дека во периодов пред нас ќе бидеме цел на разни хибридни и сајбер-напади чија цел ќе биде да го загрозат нашиот пат кон НАТО и во такви ситуации нема да се бираат средства. Ова не е средство искористено само кај нас. Имавме можност да чуеме дека истиот инструмент бил искористен и со Генералниот секретар на НАТО, со претседателот на Франција. Чудно е да се поставува прашање како им успеало ова да помине во С. Македонија, кога гледаме дека тоа им успеало со врвот на Алијансата. Ваков тип на закани и упади ќе продолжат. Второ, во овој напад не е повредено ништо од безбедносна содржина, но се разбира дека треба да ја менуваме безбедносната култура и десетпати да провериме, изјави Шекеринска.