Остра расправа во Собранието за реконструкцијата на Владата


Со низа реплики и контрареплики се одвива попладневниот дел од собраниската седница на која пратениците расправаат за реконструкцијата на Владата. По редовната пауза, пратениците расправаа околу три часа по што повторно е дадена пауза до 19:30 часот. Во попладневата расправа, пратениците од власта и опозицијата се расправаа и за економските политики на Владата, а се […]

Финансиска полиција: Акцијата во Љуботен наменета против нелегалниот увоз на тутун


Управата за финансиска полиција денеска преку соопштение информира дека вчерашната акција спроведена во селата Љуботен, Сингелиќ, Визбегово и Арачиново била наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволената сорта тутун „вирџинија“, а не била наменета против локалното население кое се занимава со одгледување и производство на домашен тутун. – Мораме да напоменеме дека акцијата […]

Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО


Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, пред почетокот на министерскиот состанок на земјите членки на НАТО за одбрана попладнево порача дека Северна Македонија ќе учествува на сите дискусии кои ќе се водат овие два дена во Алијансата, вклучително и најсензитивните. -Ова е втор пат како министерка за одбрана да бидам присутна на состанокот за одбрана на […]

Пробниот попис во Куманово се одвива тековно


Пробниот попис во Куманово се одвива тековно, информираа денеска надлежните од регионалното одделение за статистика. Тие очекуваат пробниот попис да заврши навреме. -Домаќинствата соработуваат, немаме никакви проблеми, изјави координаторот на регионалното одделение за статистика Куманово, Даниела Петровска. Во пробниот попис во Куманово се попишуваат домаќинствата од центарот градот, делот над општината и дел од  улицата […]

Анагностопулу: Договорот од Преспа донесе помирување и стабилност на Балканот


Во регион на нестабилност, ревизионизам и конфронтации, Грција и Северна Македонија на Балканот одново ја донесоа догмата на стабилност, помирување и солидарност како и меѓусебна зависност, рече алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу на брифингот со новинарите во однос активностите во нејзина надлежност во периодот февруари-јуни 2019, јави дописничката на МИА од […]

Весели достави оставка и за мандатот пратеник


Претседателот на НДП, Весел Мемеди достави оставка и за мандатот пратеник. ,,Денес, во Собранието на Република Северна Македонија,  депонирав неотповиклива оставка од функцијата потпретседател на Собранието и го депонирав мандатот пратеник добиен од народот и му го вратам на народот. Ми беше чест да ве претставам во Собранието на земјата”, напиша Весели на социјалните мрежи.

Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието


Претседателот на НДП, Весел Мемеди револтиран вели дека не може да се пазарува со премиерот Зоран Заев за размена на Министерството за локална самуправа, бидејќи оваа министерство му припаѓа на Албанците. Според него СДСМ треба да го повлече предлогот за разрешување на нивниот министер, а ДУИ да не гласа за истиот предлог. Мемети рече дека […]

Стоилковски: Заев треба да побара оставка од Курто Дудуш


Зоран Заев наместо да побара оставка од Курто Дудуш, тој вчера побара да ја слушнел другата страна од приказната, зошто и дали имало оправдана причина некој да биде незаконски затворен,  тепан, измачуван и навредуван од Дудуш, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. „Па зарем постои доволно добра причина и оправдување човек да биде повикан и […]

Беса: Реконструкцијата е рециклирање на неспособен кадар


Младите од Движење Беса денеска пред зградата на Владата оставија дршка од метла зашто сметаат дека реконструкцијата во владиниот состав е козметичка и рециклирање на неспособниот кадар. – Преку најавувањето на фамозната „метла“ сите мислевме дека навистина ќе почнат промени и реформи. Но, за жал, после оваа козметичка реконструкција на владата, се прави рециклирање на […]

Нова трпезарија во пунктот за бездомници во Момин Поток


Во рамки на Пунктот за бездомни лица на Црвениот крст кој се наоѓа во Момин Поток во Општина Карпош,  денеска беше пуштена во употреба новата трпезарија која е наменета за граѓаните кои престојуваат во овој објект. Новата просторија која е целосно климатизирана, нуди капацитет за опслужување на 40 лица, околу кои ќе бидат ангажирани и […]

„Те чекаме дома. Не брзај!“- превентивна кампања за побезбеден сообраќај


„Денеска на граничниот премин Стар Дојран промовираме уште една наша информативна акција со порака до сите учесници во сообраќајот: “Те чекаме дома. Не брзај!“. Нашата интенција е да им укажеме на учесниците во сообраќајот, особено сега кога во летните периоди традиционално се зголемува фреквентноста на сообраќајот, дека за безбедното патување е примарно почитувањето на сообраќајните […]

Искористени субвенциите за велосипеди од Центар, продолжува повикот за субвенции за тротинети


Општина Центар информира дека, за неполн месец откако е најавен проектот „Цел Центар на две тркала“, 175 жители на општината веќе аплицирале и ги искористиле субвенциите за купување на велосипед. Со тоа, квотата за субвенционирање на велосипеди е веќе исполнета, но остануваат средства за субвенционирање на електрични тротинети. Условите за субвенционирање се следни: секој полнолетен […]

Бесплатни латино танци за аеродромци во Паркот на езерата


Општина Аеродром и асоцијацијата „Ластовица“ од утре до 31.7.2019 година, ќе организираат бесплатни часови по латино танци. Деновите по латино танци ќе се одржуваат секој вторник и четврток во Паркот на езерата, а часовите ќе ги држат волонтери од Турција, чија професија е латино инструктори. Целта на организирањето бесплатни латино танци за жителите на Општина […]

Берлин ќе донесе „вистинска одлука“ за датумот


Портпаролот на германската влада, Стефан Зајберт, во изјава за „Независен весник“ нагласи дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе направи сè Бундестагот да донесе „вистинска одлука“ околу препораката на Европската комисија за отпочнување преговори со Македонија, но дека не може да прецизира во која недела или месец наесен ќе се случи тоа. Одлуката на германскиот парламент […]

Едната наредба за Јанакиески се изгуби, другата за Божиновски ја згрешиле


Функционерите во минатата влада, Миле Јанкиески и Кирил Божиновски, кои се во домашен притвор вчера полицијата не ги спроведе на рочиштето за случајот „Титаник“. Судењето се одложи, а нема логично објаснување зошто двајцата не биле спроведени од притвор. Од Кривичниот суд тврдат дека била издадена наредба за спроведување на обвинетите и велат дека добиле и […]

Заев се повлече, ќе раководи со секторот финансии до избор на нов министер


Според Уставот е дозволено премиерот на државата да биде и министер, но се повлекувам откако се отвори дебата во јавноста, рече Зоран Заев од собраниската говорница за време на денешната седница за разрешување на старите и именување на новите министри. – Дадов налог на Кабинетот за повлекување на мојата кандидатура на позиција министер за финансии […]

ДКСК: Заев не треба да биде министер за финансии


Државната комисија за спречување на корупцијата, во врска со Предлогот за избор на членови на Владата на Република Северна Македонија со бр. 08-2072/3 од 23.06.2019 година, доставен до Собранието на Република Северна Македонија, со кој, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија е предложен за министер кој ќе раководи со Министерството за финансии, смета за […]

Османи-Сореиде: Норвешка останува силен поддржувач за евроатлантските перспективи на Северна Македонија


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со делегацијата од Кралството Норвешка предводена од Министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ине Ериксен Сореиде, на која било разговарано за билатералната соработка и за евроатлантските аспирации на нашата земја со посебен акцент на содржината на Извештајот на Европската комисија за […]

Обезбедени 1,2 милиони евра за осовременување и зајакнување на затворскиот систем


Во насока на континуирано подобрување и усовршување на затворскиот систем во Република Северна Македонија, како и за подобрување на циркуларниот тек на информации помеѓу Управата за извршување на санкциите и казнено и воспитно поправните установи и пробациската служба во тек е реализација на Проект за набавка на ИКТ за институциите од правниот сектор, ЛОТ 2 […]

Димитров: Со разбирање и меѓусебна почит можат да се решат сите прашања со Бугарија


Министерот за надворешни работи Никола Димитров смета дека земјава со Бугарија дели големи заеднички цели и оти ќе најдат начин со меѓусебно пријателство и почит во решавањето на прашањата поврзани со Договорот за пријателство, како тоа за Гоце Делчев, таквите цели да не бидат загрозени. -Убеден сум дека со Бугарија споделуваме крупни заеднички цели. Како […]