Стефанова згрозена од снимката за „Рекет“


Фото: Б. Грданоски

 

Обвинителката која ја водеше истрагата за „Империја“, Лиле Стефанова во која осомничен е бизнисменот Орце Камчев вели дека утрово првпат ја видела снимката во која Бојан Јовановски зема пари од Камчев.

– Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку и сум згрозена. Очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам, а сега не можам да ги кажам за да не ѝ наштетам на истрагата – изјави за ТВ 24 обвинителката Стефанова.

Видео снимката од Зоран Милески Кичеец и од Бојан Јовановски, и снимен телефонски разговор меѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски прв ја објави италијанскиот медиум „ЛаВерита“, а потоа беше преземена од македонските портали.