Избувна пожар зад Судот во Струмица, интервенираат пожарникарите

Илустрација

Во гаража позади Основниот суд во Струмица избувна пожар при што се слушаат силни пукотници и се издига голем чад. На местото на  пожарот се две противпожарни возила и десет пожарникари на ТППЕ Струмица кои се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Според Александар Гудев командир на струмичките пожарникари, станува збор за гаража зад судската зграда во Струмица во која најверојатно  е сместен одземен пиротехнички материјал.

Гудев додава дека нема опасност од проширување на пожарот и засега најголем проблем при гаснењето се петардите поради што се слуша пукање.

-Нема опасност од проширување на пожарот., потенцира уште еднаш командирот на струмичката ТППЕ.