Интервју со италијанскиот амбасадор Ромео: Македонија ги има сите адути за отворање преговори со ЕУ


Италијанскиот амбасадор Карло Ромео вели дека Северна Македонија и Албанија реално беа подготвени за датум за преговори со ЕУ уште во јуни 2018 година, но дека на министерскиот состанок во Луксембург мораше да дојде до компромис. Во разговорот за „Независен весник“ тој нагласува дека кај него не постои дилема дека нашата земја ќе добие јасна […]

Напнат ден во Љуботен – Со хермелини одземени 12 тони тутун


Вчерашниот ден беше напнат за жителите на Љуботен. Беа разбудени од полицијата во утринските часови, а потоа вознемирени поради начинот на постапувањето на специјалците, кои со маски и автоматски пушки, во 5 часот наутро, без предупредување, влегоа во нивните куќи. Причината беше тутунот што го обработуваат. Целото село до 13 часот беше блокирано од страна […]

Мостовите се градат уште во училиштата


Концептот „Едно општество за сите“ не е концепт што ќе го донесеме со закон. Тоа е концепт кој може да биде успешен само доколку биде прифатен од мнозинството граѓани, порачаа учесниците на завршната дебата за Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам. Според вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, колку […]

Уште еден црвен аларм за состојбата во образованието


Оставката на заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов го вклучи алармот во и онака кревкото образование на сите нивоа. Тој во јавното писмо до премиерот Зоран Заев подвлекува дека и претходно укажал дека треба да се запали црвеното светло и дека ако продолжат со ова темпо може да се очекува образованието да го реформираат […]

Министер за финансии? Наесен!


  Внимателно слуша. Премиерот. Бизнис-заедницата му побара министер за финансии кој ќе ја заздрави економијата. Некој што нема да биде Драган Тевдовски. Му требаат дополнителни два-три месеци да се избори за човек во кој верува и мисли дека ќе му ја заврши работата. И за да ги убеди своите во партија, но и другите околу […]

Од денеска аплицирајте за субвенции за велосипеди и за електрични тротинети


Градот Скопје денеска, среда, почна да дава субвенции на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети и велосипеди. Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје кои ќе купат нов електричен тротинет, од 01.01.2019 […]

Колкава поддршка ќе има во парламентот подновената влада?


Најмалку по 65 пратеници се очекува да ја поддржат реконструкцијата на владиниот кабинет што ја предложи премиерот Зоран Заев, за чии предлози за разрешувања и избор на министри би требало да се гласа поединечно бидејќи со промените не е надмината една третина од актуелниот состав на „Илинденска“. Очекувањата се дека сите пратеници од мнозинството ќе […]

Заев: Атанасов поднесе оставка зашто не стана министер за образование


Петар Атанасов поднесе оставка од функцијата зашто не стана министер, а тоа што го напиша се негови лични ставови, рече премиерот Зоран Заев вечерва во интервју за ТВ Сител прашан за повлекувањето кое заменик-министерот за образование и наука вчера го соопшти преку својот фејсбук-профил. -Тоа е мој пријател и беше заменик-министер во еден сериозен период. […]

Заев: Над 200 функционери ќе бидат сменети, процесот ќе заврши на почетокот на јули


Над 200 лица ќе опфати најавената „метла“ на премиерот Зоран Заев. Покрај министрите, за кои веќе утре Собранието треба да ги разреши и да гласа за новите предлози на премиерот, ќе опфати заменици министри, директори на централно ниво, членови на управни одбори, надзорни одбори, директори на локално ниво… Ова го најави премиерот Зоран Заев во […]

Сухел Фазлиу одбивал да даде оставка


Досегашниот министер за локална самоуправа Сухел Фазлиу, според собраниски извори, одбивал да поднесе оставка, за да се олесни процедурата за реконструкција на владата. Фазлиу е на списокот со шестмина министри за кои премиерот Зоран Заев предлага да бидат разрешени за што e потребно да се обезбедат по 61 глас во Собранието. Поради ова, на шестмината […]

Започнува имплементацијата на NICS системот за менаџирање кризи на НАТО


Владата на денешната 141. седница ја разгледа Информацијата за дигитализација на Системот за управување со кризи преку имплементацијата на NICS – Next Generation Incident Command System – NATO SPS Project (следна генерација на Систем за управување со инциденти) во Република Северна Македонија, ги задолжи сите органи на државната управа и им укажува на институциите кои […]

Ќе се преиспита исполнувањето на правната основа за Иловица


Владата на Република Северна Македонија денеска на седница го задолжи Министерството за економија да ја испитува правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го […]

Одобрени 931 специјализација и 130 супспецијализации за 2019-2022


Согласно со мрежата на здравствените установи (2019-2022), Владата денеска на седница одобри вкупно 931 специјализација за оваа и за наредните три години. Како што соопшти Министерството за здравство, за 2019 година се одобрени 346 специјализации, од кои 22  се преземања од приватна специјализација, 241 специјализација за 2020 година, 184 за 2021 и 160 специјализации се […]

Хачинсон: Сите работиме Северна Македонија да стане полноправна членка во декември


Амбасадорката на САД во НАТО, Ки Бејли Хачинсон, на брифинг со новинарите пред утрешниот министерски совет за одбрана на Алијансата порача дека се вложуваат сите напори Северна Македонија да стане полноправна членка на Самитот на НАТО во Лондон во декември. -Наша надеж е дека тоа ќе се случи на лидерската средба во декември, тоа е […]

Кличко и неговото семејство едвај не загинаа по пожар на јахта


Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Владимир Кличко мораше да биде спасуван среде ноќ од шпанската крајбрежна стража, откако луксузната јахта на која се наоѓал, се запалила. Тој тргнал од Ибица кон островот Мајорка со своето семејство и пријатели. За среќа, во инцидентот нема настрадани и пожарникарите реагирале брзо, за да спречат можната […]

Владата донесе одлука да се набави лекот Nusinersen (Spinraza), за пациентите со спинална мускулна атрофија


Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од набавка на лекот Nusinersen (Spinraza), за пациентите со спинална мускулна атрофија (СМА).  Министерството за финансии  се задолжува да обезбеди дополнителни 147 милиони и 600 илјади денари во Буџетот на Министерството за здравство за 2019 година. По обезбедувањето на финансиските средства од Министерството за финансии, се […]

Артан Груби се повлече од Комисијата за селекција на кадри од УБК


Пратеникот Артан Груби се повлече од Комисијата која треба да ги селектира кадрите од УБК .Само неколку часа откако беше избран, тој преку писмено соопштение најави дека „поради преголеми обврски не можам да учествувам во работата на оваа комисија“, пишува Нова ТВ. „Во врска со Заклучокот на Комисијата за надзор над работата на Управата за […]

Утре повторно блокирана крстосницата кај „Усје“


Во среда, поради најавен протест на група граѓани со блокирање нa крстосница на булеварот „Србија“ со булеварот „Борис Трајковски“ од 7 часот сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот „12-та Македонска Бригада“, булеварот „Трета Македонска бригада“ и улицата „Народни херои“, соопшти полицијата. Апелираа до сите граѓани учесници во сообраќајот да се […]

Дураки поднесе оставка во МЖСПП заради преземање на новата министерска функција


Министерството за животна средина и просторно планирање денеска соопшти дека  Садула Дураки поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање, од причина што е предложен за министер за новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. -Ви благодарам Вам и на сите членови на Владата, како и на претставниците во Собранието […]

Кисела Вода ќе субвенционира енергетски ефикасни фасади и дограма


Меморандум за соработка во областа на енергетската ефикасност во домувањето, денеска потпишаа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и раководителот на програма во Здружението за хумано домување Хабитат Македонија, Зоран Димитров. Преку ова партнерство ќе се инвестира во енергетска обнова на колективните станбени згради, што за жителите на општината ќе значи заштеда на потрошувачката […]