Инаетот меѓу Адеми и Таравари продолжува, МОН поднесе жалба за ингеренциите на Таравари


По пресудата на Управниот суд со која се поништува решението на Министерот за образование и наука за одземањето на ингеренциите на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, министерот Адеми вели дека пресудата на Управниот суд во ниту еден момент не вели дека градоначалникот на општина Гостивар постапил законски.

,,Судот ја уважил тужбата со образложение дека недостасувале дел од списите, односно сите списи не биле доставени, а некои биле нечитливи за судот (иако сите списи биле уредно доставени), па затоа не можел да ја утврди основата на решението за одземање на надлежностите. Врз основа на оваа пресуда, МОН може повторно да донесе исто решение или да поднесе жалба до Вишиот управен суд. Ние се решивме за втората опција и во понеделник е поднесено жалба со сите списи на предметот, а секако правдата треба да дојде на свое место. На г-дин Таравари и сите други им е тешко да се обидат да го политизираат и партизираат образованието и да именуваат директори дури и без факултет, како што именуваше пред да му се одземат надлежностите, заради новиот Закон за основно образование и поради постојаните напори да се даде приоритет на професионализмот”, напиша министерот Адеми на својот профил на Фејсбук.