„Школка“ добива нов лик


Екипи на Град Скопје синоќа ја почнаа реконструкцијата на популарната „Школка“ во Градски парк.


„Во наредниот месец ова омилено катче на скопјани после долго време ќе биде целосно обновено и ќе биде подготвено за почетокот на новата богата културно забавна есенска сезона“, стои во објавата на Град Скопје на Фејсбук.