Нуредини: Заедно да работиме да дојдеме до решение за односот кон животната средина


  Односот кон животната средина е регионално прашање, не е локално и затоа пристапот треба да биде регионален. Сите ние сме одговорни, ние како извршна власт, приватниот сектор-тие што произведуваат, но и ние како поединци, сите заедно треба да работиме за да дојдеме до решение, е пораката што ја упати министерот за животна средина и просторно […]

Поранешни и сегашни ЕУ и НАТО дипломати: Северна Македонија стана извозник на стабилност и демократија


Со денешната последна сесија на „Охридски дијалог“ на која учествуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и советникот за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, Дане Талески, заврши годинашната средба на членови на Владата, претставници на Атланскиот совет и поранешни и сегашни ЕУ и НАТО дипломати, кои низ стратешкиот дијалог работеа на унапредување на прогресивните и […]

Заев: Немаме друга алтернатива освен ЕУ


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и оти се надева дека до Самитот во Загреб во мај европските лидери ќе ја корегираат големата неправда и историската грешка за одложување на одлуката за почеток на пристапните преговри. Прашан за пораките од францускиот претседател Емануел Макрон и од амбасадорот во […]

Претседателот Пендаровски ја почна официјалната посета на Албанија


Претседателот на Рeпублика Северна Македонија, Стево Пендаровски  ја почна првата официјална посета на Република Албанија. Тој беше пречекан со највисоки државни и воени почести од албанскиот претседател Илир Мета, јави специјалниот известувач на МИА од Тирана. Предвидено е Пендаровски да се сретне и со албанскиот премиер Еди Рама и со претседателот на албанското Собрание Грамоз Ручи. […]

Варвициотис: Грција го поддржува Договорот од Преспа и ЕУ-интеграцијата Скопје и Тирана


Последните случувања создаваат нови политичка ситуација и го потврдуваат она што предизборно го кажувавме за Договорот од Преспа, но она што не се менува е нашата поддршка за европската перспектива на соседната земја, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, во интервјуто за весникот „Параполитика“ во однос развојот на настаните кај нас, […]

Протест на земјоделци: Трактори на скопските улици


Ненавремена исплата на субвенциите и нецелосно исполнување на барањата испорачани пред една година, се причините поради кои денеска Здружението на сточари „Агроцентар“ од Велес, поддржано од други земјоделски здруженија, организира протестен марш во Скопје. Маршот почна околу 12:30 часот од „Мавровка“, по што со шест трактори напред и транспаренти насобраните се упатија до Владата. Освен […]

До среда сончево и топло, од четврток заладување и дожд


До вторник ќе се задржи сончево и топло време. Во среда облачноста ќе се зголеми, дневната температура ќе опадне за неколку степени, а во текот на ноќта кон четврток ќе има локален дожд, соопшти УХМР. Значителна промена на временската состојба се очекува од четврток, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од […]

Деркоски: Одложувањето на пописот нема да влијае на Избирачкиот список


Поместувањето на пописот, кој првично беше планиран за април следната година, нема да се одрази на Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори напролет, смета претседателот на ДИК, Оливер Деркоски. Во изјава за „Независен весник“ тој оценува дека пописот како статистичка операција не треба да се поврзува со Избирачкиот список. – Пописот е важен за да […]

Заев за „Данас“: Макрон знае дека за Балканот ЕУ нема алтернатва


Покрај за „Политика“, премиерот Заев даде интервју и за саботното издание за дневниот весник „Данас“ со наслов „Макрон знае дека за Балканот ЕУ нема алтернатва“. Во интервјуто, Заев оценува дека Северна Македонија има многу постигнато и дека нема да дозволи да се вратиме на старо, јави дописникот на МИА од Белград. – Дел од највисокото […]

(ВИДЕО) Касами ги покани сите во коалиција која ќе ја однесе ДУИ во опозиција


Лидерот на БЕСА, Билал Касами, во интервју за „360 Степени“ го коментираше повикот од Зијадин Села за заеднички изборен настап на Алијанса на Албанците, Алтернатива и БЕСА. Тој најпрво кажа дека е рано за предизборни коалиции и дека Движењето Беса допрва ќе гради официјален партиски став, но подоцна ја отвори можноста, најпрво за коалиција само […]

Со изборите дојдоа и штрајковите


Додека повеќе земјоделски здруженија се подготвуваа вчера за најавениот протест пред владата во Скопје, од Синдикатот на образованието, науката и културата стигна најава за штрајк и негативен одговор на понудата што министерот за образование Арбер Адеми им ја испорача пред неколку седмици:  Советот на СОНК едногласно донел одлука дека не го прифаќа предлогот на Министерството […]

Почнува зимското сметање на времето


Во три часот по полноќ ноќта меѓу сабота и недела почнува зимското сметање на времето, односно стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад. Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март следната година, кога треба да почне летното сметање на времето. Од 2021 година ќе стапи во сила предлогот за укинување […]

Заев за „Политика“: Сонот за членство во ЕУ не е срушен


Сонот за членство во ЕУ не е срушен. Другата опција се национализмот, радикализмот, неизвесноста и враќање назад во проблематичното и мрачно време во кое никој не сака да се врати, истакнува премиерот Зоран Заев  во интервју за саботното издание на белградскиот дневен весник „Политика“. – Северна Македонија е на добар пат да стане 30-та полноправна […]

Воздухот во Куманово синоќа екстремно загаден


Воздухот во Куманово синоќа беше екстремно загаден. Во неколку наврати загадувањето беше повисоко од дозволените гранични вредности. Кумановци се жалеа дека се шири непријатна миризба во повеќе делови од градот. Загадувањето почна по 18 часот и на моменти беа измерени над 1.000 ПМ честички. Граѓаните реагираа на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од апликацијата и бараа […]

Н. Прв „ShortBus Design shop” во Скопје


На првиот организиран настан „ShortBus Design shop” кој го организира супкултурниот центар „ShortBus” учествуваат 11 дизајнери од различни сфери. Настанот е покриен со различни дизајни односно: моден дизајн, дизајн на маици, накит, перници, чаши, торби, графики, колажи. Идејата на настанот е да се соберат различни дизајнери како и различна публика. Супкултурниот центар „ShortBus” отвора место […]

„Снајди се со стручно“ – кампања за популаризација на средното стручно образование и занимања


  Подобрување на имиџот и репутацијата на средното стручно образование и занимања и мотивација на младите да градат кариера во овој сегмент, е целта на кампањата „Снајди се со стручно“, промовирана денеска во Средното градежно и гимназиско училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје. Кампањата ќе се одвива до мај следната година и опфаќа видеа кои ќе […]

Студентите на Филолошкиот факултет од Штип ќе имаат можност за платена пракса


Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип и Германскиот деск „Проспертoп“ денеска потпишаа Меморандум за соработка кој на студентите ќе им овозможи платена пракса, а најдобрите ќе можат да добијат и вработување. – Овој потпишан Меморандум ќе значи отскочна штица за студентите на овој факултет со тоа што ќе имаат платен тренинг, односно пракса и […]

Заев: Да продолжат преговорите на МОН и СОНК и да се најде решение прифатливо за две страни


Премиерот Зоран Заев апелираше преговорите на СОНК и Министерството за образование за зголемување на платите во образованието да продолжат и да се најде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни. Синдикатите, рече Заев, треба да се свесни дека државата може да понуди само тоа што навистина може да го даде. – Јас ги почитувам […]

Заев: Пописот најдоцна во 2020-та или 2021 година


Се губи шансата за попис напролет поради предвремените парламентарни избори, но најдоцна во 2020 или 2021 година тој ќе биде спроведен, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања во СГГУ „Здравко Цветковски“. Заев најави состанок со директорот на Државниот завод за статистика за понеделник или вторник, на кој, како што истакна, ќе бидат […]

Заев: Рано е за предизборно коалицирање, дебатата по ноември


Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека дебатата за предизборно коалицирање на предвремените парламентарни избори најавени за 12 април следната година нема да ја почнат пред крајот на следниот месец. Одговарајќи на новинарско прашање дали досега веќе разговарал со сегашните коалициски партнери и им предложил предизборна коалиција, Заев истакна дека се уште […]