Стигнале 5.000 нови пасоши


Министерот за внатрешни работи, Наке Чулев соопшти дека во текот на денешниот ден треба да пристигнат  5.000 обрасци за пасоши, а до 24 март ќе заврши набавката на останатите 140.000 обрасци. Иако никој не може да излезе од државата во моментов и иако работата на институциите е замрена, ова е најава дека ќе почне да се решава ситуацијата со  издавањето на патните исправи.