Интервју Петар Богојевски: Тие што не можат да испорачаат успех, се служат со дисквалификации


Господине Богојевски, постои впечаток за вас дека сте во перманентен судир со членовите на ВМРО-ДПМНЕ… -Таков впечаток се добива во јавноста поради злоупотребата на социјалните мрежи за ширење на говор на омраза. Вистината е дека членовите на партијата се разумни луѓе кои сакаат да видат успех. Оние кои не можат да испорачаат таков успех, се […]

Ако нема брз договор меѓу партиите, пописот ќе се одложи


Работните групи на власта и на опозицијата ниту неделава не се сретнаа за да разговараат за разликите околу пописот. Двете страни потенцираат оти ставовите им се толку различни што засега би било бадијала да седнат на заедничка маса. Тоа значи дека виси и донесувањето на законот за пописот, без кој е невозможно изведувањето на статистичката […]

Во Скопје првпат парада на миленичиња


Парада за миленичиња ќе се одржи на 13 октомври во Скопје, која организаторите ја нарекоа „Шепологија“. Првата „Шепологија“ е под мотото дојди, танцувај, помогни, донирај, повтори, а сето ова е поради тоа што „Шепологијата“ е замислена како целодневен настан, настан кој ќе започне пред Собранието на РМ во 13 часот со парадирање до Градскиот парк, […]

Институциите креваат раменици: Никој не знае кој ја компромитира истрагата за „Рекет“


Информацијата дека исказот на второосомничениот за случајот „Рекет“, Зоран Милевски-Кичеец се нуди на продажба фрли нов сомнеж на истрагата која во затвор ја однесе и поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева. Адвокат на еден од осомничените во Обвинителството пријавил дека непознато машко лице од непознат број му го нудел на продажба исказот на Кичеец, што обвинителката […]

(ВИДЕО) Грацијано: Колку една земја е поблиску до НАТО толку е поголема можноста за кибер-напади


Претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија генерал Клаудио Грацијано е на став дека Северна Македонија сторила сѐ што било побарано од неа за да добие зелено светло за отпочнување на преговорите со Унијата. Сепак, вели, одлуката ќе биде на земјите членки, иако за него, како воено лице, таа е од големо значење бидејќи земјата […]

Да бидеме хумани: На малата Сандра ѝ се потребни 12.000 евра за операција


Тринаесетгодишната Сандра Ангеловска од Крива Паланка боледува од тумор. Потребна ѝ е итна операција која мора да се изврши во странство и чини 12.000 евра. Нејзините родители и членови на семејството преку социјалните мрежи бараат помош во финансиски средства бидејќи немаат доволно пари за операцијата на девојчето кое му е неопходна за да може да […]

Одбележување на 20-годишнината од устоличувањето на г.г. Стефан за Архиепископ на МПЦ-ОА


По повод 20-годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан за Архиепископ на Македонската православна црква и 33-годишнината од хиротонијата за епископ, Скопската православна епархија викендов организира низа манифестации. В сабота, во црквата „Раѓање на свети Јован Крстител“ – Бутел ќе се одржи вечерна богослужба и осветување на новата крстилница на црквата, а во МАНУ ќе бидат […]

Израелската иновација за лица со оштетен вид и кај нас, прв корисник девојче од Битола


Читање печатени и дигитални текстови, весници, книги, ресторански менија, знаци, етикети/декларации на производи, екрани на мобилни и компјутери… Ова на слепите и на лицата со оштетен вид ќе им го овозможи израелската иновација „ор кам мај ај“ (OrCam MyEye), која во текот на месецов се очекува да пристигне и кај нас. Прв корисник ќе биде […]

Чувајте се од Русија и Кина, ни порача Помпео


Продолжување на стратешкото партнерство на САД со Северна Македонија, поддршка за интеграција во НАТО и ЕУ, за зацврстување на правната држава, владеењето на правото, борбата со корупцијата, но и предупредување за обидите за руско и кинеско влијание во регионот. Ова се пораките што ги упати американскиот државен секретар Мајк Помпео по вечрашните разговори во Охрид […]

ВМРО-ДПМНЕ активна на терен: Мицкоски од Ресен најави предизборна програма за решавање на сите проблеми на граѓаните


Македонија економски тигар на Балканот, фер и честита политика за земјоделците, достоинствен образовен систем и пензионерски живот, враќање на рамниот данок, укинување на акцизата од три денари за дизелот, како и враќање на македонизмот во Македонија и секаде во светот се основните ПОСТУЛАТИ врз кои ќе биде заснована предизборната програма на ВМРО – ДПМНЕ, најави […]

Помпео ја заврши посетата, од Охрид отпатува за Атина


Државниот секретар на САД Мајк Помпео ја заврши еднодневната официјална посета на земјава и попладнево од Охрид замина за Атина. На охридскиот аеродором „Св. Апосотол павле“ беше испратен од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Помпео денеска во Охрид имаше средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев на […]

Грацијано: Северна Македонија направи се што од неа се побара за ЕУ


Претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија, генерал Клаудио Грацијано на став дека Северна Македонија сторила се што од неа е побарано за да добие зелено светло за отпочнување на преговорите со Унијата. Тој се согласува со лидерите на ЕУ, кои рекоа дека Северна Македонија направила се што било побарано од неа, но вели дека […]

Помпео ја посети црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид


Американскиот државен секретар Мајк Помпео по денешните средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев во Охрид, ја посети црквата „Света Богородица Перивлепта“. Помпео беше пречекан од поглаварот на Македонската православана црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и владиката Дебарско-кичевки, Тимотеј. При посетата на црквата „Света Богородица Перивлепта“,  Помпео беше придружуван од помошникот државен […]

Заев-Помпео: Силна поддршка од САД за старт на преговорите со ЕУ


Проекцијата за развој на соработката меѓу Северна Македонија и САД како стратешки партнери, со посебен акцент на потенцијалот за натамошно унапредување на економските односи и за привлекување нови американски инвестиции во земјава, беа доминантана тема на средба доминантна тема билатералната средба на премиерот Зоран Заев со американскиот државен секретар Мајк Помпео. Во состав на делегацијата […]

Викендов сообраќаен режим поради „Бела ноќ“ и „Скопје трча“


Градот Скопје известува дека утре (05.10.2019 година, сабота) во периодот од 19 до 24 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот „Партизански одреди“, на потегот од вкрстувањето со улицата „Франклин Рузвелт“ до вкрстувањето со улицата „Костурски херои“, и тоа само во насока од Ѓорче Петров кон центарот, поради одржувањето на манифестацијата „Бела ноќ“. […]

Помпео: САД ќе продолжат да бидат партнер на Северна Македонија


Убеден сум дека Северна Севрна Македонија ќе биде силна земја сојузник во НАТО и сигурен сум дека Сенатот на САД оваа есен ќе го одобри Протоколот за членство, со што и формално ќе ви пасакаме добредојде во Алијансата, истакна американскиот државен секретар Мајк Помпео по средбата со премиерот Зоран заев во Охрид. Помпео го поздрави, […]

Апелација ја уважи жалбата на Сулејман Реџепи


Апелацискиот суд Скопје ја уважи жалбата на Сулејман Реџепи и го укина решението на Основниот граѓански суд Скопје 2 во врска со назначувањето на Скендер Бузаку за нов поглавар на Исламската верска заедница. Од Апелацискиот суд потврдија дека второстепениот суд ја уважил жалбата и предметот е вратен на повторно одлучување. Скендер Бузаку денеска во Основното […]

Документот од исказот на Камчев за „Рекет“ не протекол од Кривичниот суд


Документот од исказот на Јордан Камчев за случајот „Рекет“ не протекол од Основниот суд Скопје 1, кој не е надлежен да спроведе истрага за тоа, беше речено на денешниот брифинг со новинарите во Судот. Документот, како што велат оттаму, протекол во јавноста само ден откако од Кривичен беше препратен во Апелација. Од Кривичниот суд посочуваат […]

(Во живо) Прес-конференција на Помпео и Заев


Проследете ја во живо прес-конференцијата на државниот секретар на САД Мајк Помпео и премиерот Зоран Заев https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/2429599623918265/?notif_id=1570182062462902&notif_t=live_video_explicit

Бактерија МРСА откриена кај воспитувач и дете во градинка во Кисела Вода


Бактерија МРСА е откриена кај воспитувач и дете од градинката „Весели цветови“, клон Кокиче во општина Кисела Вода, но нема потреба од паника, изјави денеска за МИА д-р Билјана Даниловска од Центарот за јавно здравје Скопје. – Тоа е бактерија што не е патогена за лица и деца со нормален имунитет. Станува збор за вид […]